Започнаа подготовките за третата по ред Бадникова литија во Тетово која ја организираат православните свештеници при тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква.
-Со благослов на нашиот митрополит господин Јосиф, во недела во 11 часот
ќе се одржи прва средба и проба на децата кои ќе учествуваат во Бадниковите поворки, со ѓакон Илија Деспотовски. Место на проба ќе биде нашиот Соборен храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово. Ги повикуваме родителите што повеќе деца да донесат за достојно да ја одбележиме Бадниковата прослава, истакна отец Александар Стојановски.
Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година. Учесниците ја изведуваат песната „Вечниот Бог“, движејќи се по градските улици.
А.С