Во болницата „8 септември“ во Скопје почина 41 годишен тетовчанец заболен со Ковид 19, инфомира Министерството за здравство. Досега 17 луѓе од тетовско починале поради болеста.
Воедно Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од кои еден од тетовскиот регионн. Од 25-те нови случаи низ Македонија и во тетовско се бележи новозаболен од Ковид19. Од вкупно 179 лица, 70 се активни случаи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.