39 годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Стримница пред Фалише. Судирот на две возила се случил околу 11 часот.
-Во непосредна близина на тетовско Фалише, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „Опел антара“ управувано од 57-годишниот Д.Д. од Тетово и „Опел корса“ што го управувала 39-годишната Д.И. од Фалише. Во несреќата, жената возач на „корса“ добила тешки телесни повреди, а Д.Д. со телесни повреди.И двајцата пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, инфомира СВР Тетово.
Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.