Бисера Јовановска 33 годишна од Тетово денес како донација од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Тетово доби телевизор.
Со тоа и се исполни желбата за полесен престој во домот особено сега во преиодот кога е препорачано да седи дома поради опасносите од ширење на коронавирусот.
Таа живее сама и не е вработена па немала можноста да набави телевизор досега. Единствени средства за преживување и е социјалната помош и ако некој повремено ја викне да работи како чистачка.
-Социјалната помош ми стига за кирија само. Едвај преживувам, но таква е мојата судбина. Моите родителите поради одредени околности живеат на друго место и се тешко болни. Брат ми е со нарушено ментално здравје и во болницата во Бардовци, изјави Бисера.
Таа има потреба од помош од хуманите граѓани.
-Не ми стигаа средствата за храна, имам потреба и од хигиенски средства, вели Бисера која живее во Тетово во близина на трговскиот комплекс „Тетовчанка“.
Неодамна нејзината животна приказна ја раскажа во емисија на една од нациооналните телевизии по што вчера анонимни донатори и донеле машина за перење.
А.С