Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во Европската Унија, објави денес неделникот Фокус на својот веб-портал.
Во информацијата се наведува дека според нивните информации, неколку предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата. Тие објавуваат и други кандидати за амбасадори во Париз и Вашингтон.