На 21.01.2020 околу 19.10 часот, вработен во Казнено-поправната установа „Тетово“ пријавил дека во близина на оградата од дворот на објектот пронашол најлонско ќесе со хашиш. Пронајденото било подигнато и дадено на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира денес МВР.