Општинска организација на Црвен крст Тетово, со помош на стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово, организираат вонредна акција на крводарување во просториите на џамијата во село Стримница – општина Желино.
Акцијата ќе се организира на ден 10.07.2020 година петок од 13:30 до 16:00 часот, информираат од Црвен крст.