• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Амбасадорката Кејт Мари Брнс во Вратница на одбележување годишнина од падот на американски воен авион 

27/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнс ја посети тетовска Вратница за им оддаде почит на загинатите пилоти од паднатиот американски бомбардер Б-24 наречен „Наша љубов“ што се урнал во месноста Камче на 26 август 1944 година, а воедно со тоа и на паднатите борци од НОБ и сите жтви во Втората светска војна, соопшти здружението на жители од Вратница. По тој повод жителите на Вратница  со поддршка од Амбасадата на САД до месноста Камче  трасирале патека и поставиле информативни табли.

-Со оваа историска патека оддаваме почит на сите жртви од Втората Светска Војна.Ја користам оваа прилика да ги поканам сите љубители на планината да ни се придржат на претстојниот традиционален марш што ќе се оддржи на 29ти август, во сабота.  Повеќе информации може да се најдат на ФБ страницата на Вратница, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот емаил: zdruzenie-vratica@hotmail.com, изјави претседателот на Здружението на жители на Вратница Мирослав Ќировски

Покрај планинарскиот марш до местото на паднатиот авион, амбасадорката на САД го посети хостелот Китка и се запозна со туристичката понуда на Вратница.

 

-Чест ни е што амбасадорката е гостинка во Вратница по втор пат што покажува дека вреди да се посети Вратница- рече Ќировски.

 

Одбележувањето на овој настан е овозможено благодарение на жителите на Вратница и нивната соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

При падот на американскиот воен авион во 1944 година загинале  шест војници, а тројца се спасени од мештаните.

На 26 ноември 2014 беше откриена спомен плочата за американските војници во Вратница од страна на тогашните американски амбасадор Пол Волерс и министер за одбрана Зоран Јолевски.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Владика Јосиф: Да се помолиме Богородица Мајка да ни помогне пред сè да станеме подобри луѓе

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!