• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Бројни хуманистички активности на началникот на СВР Тетово Амир Далипи

Од минатата недела 30 годишно момче во тетовско Шипковица полесно може да се движи низ стрмните улици на ова планинско село со помош на новата електрична инвалидска количка која ја доби со залагање на началникот на СВР Тетово Амир Далипи. Раководителот на тетовската полиција за добивање на ваква количка се ангажирал контактирајќи со голем број луѓе кои живеат и работат во странство.

30/09/2019
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од минатата недела 30 годишно момче во тетовско Шипковица полесно може да се движи низ стрмните улици на ова планинско село со помош на новата електрична инвалидска количка која ја доби со залагање на началникот на СВР Тетово Амир Далипи. Раководителот на тетовската полиција за добивање на ваква количка се ангажирал контактирајќи со голем број луѓе кои живеат и работат во странство.

-Мотивите за ваква заложба се повеќекратни, прво човечките емоции кога разбрав за проблемот како и желбата да направам една промена и да дадам придонес за едно подобро општество за кое сите декларативно се залагаме, но и мораме со конкретни чекори да го унапредуваме животот во нашите локални заедници. Од една страна имаме луѓе кои имаат потреба за помош, а од друга страна имаме наши печалбари кои имаат услови за да помогнат. Се заложив и успеав да се спојат двете страни и да помогнеме онаму каде што има најмногу потреба. Лицата со инвалидитет, а посебно во вакви места каде движењето воопшто е тешко имаат потреба од поголема општествена помош, изјави началникот Далипи.

Освен најновиот пример со инвалидската количка, Далипи својата хуманистичка и општествена одговорност ја има покажано и во други насоки.  Исто така со залагање и донации на иселениците набавени се машини за уредување на дворот во Дневниот центар за деца со посебни потреби.  За децата корисници на установата со истиот принцип се собрани средства за одење на екскурзија.

-Залагањата и посредството со иселениците го искористив и за помош во тетовската пожарна. Со нив сме во редовна работна и институвионална комуникација и знам со кои проблеми се соочуват. Затоа успеавм во намерата за нив да се обезбеди високвалитетна стручна пила за користење во несреќни случаи во вредност од 10 илјади евра, истакна Далипи.

Откако е поставен за началник на СВР Тетово Далипи активно се залага и за подобрување на условите за работо во објектите на полициските станици.  За прв пат по изградбата во 1970-тите години комплетно е реновиран целиот објект на полициското оддление во Групчин.  Исто така целосни реконструкции се направија во објектите на СВР Тетово каде се вршат работите за издавање на патни исправи. Кругот на СВР Тетово е целосно хортикултурно изменет, а изнесени се стотина возила одземени и конфискувани во истраги.

Тагови: електрична инвалидска количканачалникхуманистичка акција

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Започна со работа THE STRONGEST & CROSSFIT GYM новиот центар за боречки вештини и спортување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.