Возљубени чеда на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, по 170 години, во Лешочкиот манастир „Св. Богородица и св. Атанасиј“ се започна со изградба на нов конак.
Ги повикуваме сите верници добронамерници да го помогнат завршувањето на ова дело, продолжувајќи ја традицијата на нашите предци кои биле градители за Господа и во најтешките времиња и кои безрезервно го помагале Лешочкиот манастир низ вековите.
Господ Бог, по молитвите на Пресветата Мајка Богородица, да ја преумножи Својата милост и Своите благодатни дарови врз оние што со љубов и вера пристапуваат кон светињите.
Бог да Ве благослови! Доколку сакате да учествувате во изградбата на конакот, вашите даренија можете да ги уплатите на жиро сметката на Лешочкиот манастир:
МПЦ-ОА Скопје-Тетовско-гостиварска православна епархија Тетово-МЛ, 300000003758883, Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: донација за конак