Курбан Бајрам започна со утринските молитви Сабах-намаз и Бајрам-намаз во џамиите. Потоа верниците ги посетуваат гробовите на блиските починати.
Празнувањето продолжува со посета на домовите на роднините, пријателите и честитки за среќа и здравје.
Курбан Бајрам се празнува два месеци и 10 дена после Рамазан Бајрам. Една од карактеристиките која го означува овој празник е принесување жртва-курбан, симболика која претставува приближување кон Бога. Курбанското месо треба да се дели на три дела – еден за сиромашните, втор за роднините, а третиот се остава за домот.
Честитка по повод Курбан Бајрам до верниците од Тетовско упати тетовскиот муфтија Ќани ефенди Несими