• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Во Луковица се справуваат со природата, ама не и со општеството

Како е да се живее во 21 век во населено место до кое нема асфалтиран пат меѓу ретките во државата знаат околу 40-тина постојани жители на тетовското село Луковица кое е дел од општина Желино. Животот е подреден на она што го нуди природата бидејќи не можат да се потпрат на цивилизациските придобивки затоа што ја немаат една од основните-асфалтиран пат до останатите населени места.  

10/08/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Како е да се живее во 21 век во населено место до кое нема асфалтиран пат меѓу ретките во државата знаат околу 40-тина постојани жители на тетовското село Луковица кое е дел од општина Желино. Животот е подреден на она што го нуди природата бидејќи не можат да се потпрат на цивилизациските придобивки затоа што ја немаат една од основните-асфалтиран пат до останатите населени места.

За да се стигне до Тетово потребно е возење од околу еден час иако има триесетина километри.  Од Тетово по автопатот во правец кон Скопје, па се излегува кај Групчин. Се продолжува по двонасочен рураклен пат се до Мерово.  Коловозна лента има до месноста „Крстец“ односно крстосница каде патот продолжува до Седларево или се оди лево до Луковица.  Од тука почнуваат шестте километри до Луковица, неасфалтираната делница која за да се помине со лека кола потребни се половина час и ограничено забрзување на возилото од само 10-15 километри на час за да се избегнат оштетувања.  Поспорото управување со возилото е неопходно зошто се поминува земјен пат врз кој со години се истурал песок, а има и камења. Песокот се поставувал за да се пополнат дупките врз земјениот пат, но од тоа се добива ои контра-ефект  односно опасност да се дупне гума од тркалата или поради поголемите камења да се оштети долниот дел од возилото. Бидејќи Луковица е на 930 метри надморска височина има многу и нагорнина, многу таканаречени „Ѕ“ кривини поради што е потребна голема внимателност и умешност на управување со возило за да се избегне излетување во планинска провалија.

Долж патот се согледува сета убавина која природата ја дала на планината Сува Гора. Зеленило во сите нијанси, дабови и букови дрвја, ливади со зелена трева и среде лето во август.

На влезот во Луковица или Лукојца како што најчесто дијалектолошки се нарекува од мештаните се наоѓа една од трите цркви во селото-Света Петка.  Околу селото се наоѓаат и манастирската црква Свети Илија и црквата Свети Ѓорѓи.

Ќирко Милошески е еден од малкумината возрасни кој успева да живее во ова село и да обезбеди егзистенција.  Има стадо од 170 кози од кои добива млеко па прави домашно сирење, па заработува од нивната продажба.

-Околината и атарот на Лукојца е толку многу чист зошто нема која да ја загади природата. Нема луѓе, само ние кои живееме неколку десетина. Козите има каде да се напасуваат, има зеленило кое го јадат, а добиваме чисто млеко од кое после се прави и сирење. Одгледуваме детелина и зрнесто жито со кои се нахрануваат. Даваат одлично млеко бидејќи јадат чиста храна и имаат одлична природна околина. Сепак тоа е мачна работа, на која сме оставени самите да снаоѓаме како знаеме и умееме, вели 55 годишниот жител на Луковица.

Други негови соселани исто така се занимваат со сточарство, а одгледуваат крави и телиња. Исто така прават млеко и сирења, а се продава и месо односно јариња и телиња.  Продажбата на млекото, сирњето и месото е единствениот начин таму во Луковица да се обезбедат пари за намирници, облека, покуќнина и се друго што треба за секојдневно живеење. Тоа е единствениот начин на егзистирање, со оглед дека секојдневното патување до други места е речиси повеќе проблематично отколку неопходно.

-Во селото има само неколку теренски возила и тоа е единствениот начин за колку толку безбедно патување до другите места. Поголем број такси фирми не ни сакаат да возат до тука или од тука. Селото нема продавници, ниту посети на лекар. Нема ништо друго освен куќите за живеење. Среќа е што струја има стабилна, ама нема постојано интернет врска. Ако некој се разболи нема ни лекови каде се купат. Иако има објект за училиште настава нема. Тие што имаа деца се иселуваат. Во 2020 година ќе има деца кои ќе треба да почнат да одат на училиште, ама нема наставник, ќе бараме да има настава тука, вели Милошески.

Природните убавини пред се се причина да има неколкумина пензионери кои во текот на летото живеат во Луковица по неколку месеци.

-Тука е поладно од Тетово во лето и за повозрасните луѓе е полесно. Навечер знае да залади и биде потребна облека со долги ракави. За движење низ планината има многу места, како извори со вода. Од околните ридови има неверојатни погледи кон езерата Матка, Козјак, Милениумскиот крст на Водно. До Козјак има козја патека до каде се стига за 45 минути одење пеш по планината, вели Стојан Спасеноски, пензионер кој во текот на летото со сопругата Цвета престојува во Луковица.

– Во Лукојца има добра почва. Иако сме на повисоко успева сите земјоделски култури-компири, жито, јаболи, ореви, домати, костени. Воедно и шумски плодови има, вели Ќирко.

Голем е револтот на мештаните поради децениското убедување и чекање властите да го уредат и асфалтираат патот.

-Се менуваат партии и градоначалници, само патот останува неасфалиран. Јас колку што знам да се направи патот чини околу 150 илјади евра. А замислете еден министер ја чини државата поради плати, возила и трошоци над 400 илјади евра. Револтиран сум од ваквите неправди. Еве јас сум вложил се што имам и купив 170 кози за сам да егзистирам да не бидам на товар на државата, но институциите не помагаат, не ни градат пат, рече Ќирко.

Оние кои потекнуваат од Луковица го посетуваат родното место посебно за Илинден кога патрониот празник се слави во манастирската црква Свети Илија.

-Секоја година се обидуваме да организираме црковно-народен собир. Доаѓаат оние кои потекнуваат од тука а живеат насекаде низ Македонија и во странство. Се собираат по 12 кумови кои ја организираат прославата.  Кумовите се одрдедуваат по случајност односно оние кои ќе најдат париче во славските лебови од годинешната прослава. Со донации на верници во 2014 година започнавме да градиме и конак каде ќе може да престојуваат 15-ти луѓе. Има уште работа за градба на санитарен чвор, додека собите и трпезаријата се готови, изјави Ацо Спасеновски претседател на црковниот одбор.

Во моментот во Луковица има помалку од 40-тина жители.  Селото броело и над стотина куќи но иселувањето е причина голем број објекти да останат руинирани и неупотребливи за живеење. Од сите 18 села во општина Желино само во Луковица живеат Македонци.

Тагови: луковицанеасфалтиран патрепортажа

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Верниците од муслиманска вероисповест денес го празнуваат Курбан Бајрам

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.