• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 11 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Во понеделник ќе се знаат износите за ваучерите за спортските федерации за 2020 година

Оваа година се предвидени 10 милиони евра за разлика од 2019 кога спортските федерации имаа на располагање 6 милиони евра.

08/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Спортските федерации во понеделник ќе дознаат колку средства ќе добијат преку ваучерите како мерка за поттикнување на развојот во спортот. Ова од Тетово го најави претседателот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

-Оваа година се предвидени 10 милиони евра за разлика од 2019 кога спортските федерации имаа на располагање 6 милиони евра. Во понеделник ќе бидат објавени на веб страницата,  а во вторник физички поделени по федериции кои подоцна имаат обврска да ги дистрибуираат ваучерите до спортските клубови и спортисти, рече Дарко Каевски.

Преку даночното ослободување и ваучерите се прави обид за директна поддршка и финансиска инјекција за спортот. Развивање на индивидуалните олимписки спортови е еден од приоритетите.

-Разговарајќи со многу спортски работници велат дека е една од мерките која е за спас на спортот. Голем дел од спортските клубови кои го искористија ваучерот се развиваат, купуваат дополнителни играчи дополнително ги развиваат своите капацитети, дополнително партиципираат на дополнителни активности. Пред се во индивидуалните спортови кои се од особена важност, за спортот во нашата држава. Еден од главните фокусите е развивање на индивидуалната олимписки спортови и токму оваа мерка ваучер придонесува за развој кон истите. Сметам дека во оваа 2020 година дека ќе има зголемена искористеност на ваучерите. Нашите проекции се 90 проценти на искористеност, што значи се што е над 90 проценти ќе биде огромна полза за спортот, изјави Каевски.

Екипите имаат време до 31.12.2020 да ги достават до компании кои се ослободуваат од данок доколку дел од средствата ги донираат во спортските тимови.

А.С

Тагови: ваучериклубовиспортфедерации

Поврзани објави

Вести

Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати, добитничка на наградата „Свети Климент Охридски“ за 2023 година

11/12/2023
Вести

Во ноември имало 22 акциски контроли за сообраќај – евидентирани 1363 прекршоци

11/12/2023
Вести

Апел на СВР Тетово-пукањето петарди се казнува прекршочно, за нелегалната продажба има кривична одговорност

11/12/2023
црвен крст
Инфо компас

Две крводарителни акции неделава во тетовскиот регион

11/12/2023
Вести

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

10/12/2023
Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Следна објава

Во Тетово поставен камен темелник за изградба на затворен пливачки базен

Tetovo, MK
понеделник, декември 11, 2023
clear sky
5 ° c
75%
2.98mh
10%
12 c 5 c
вто
11 c 6 c
сре
12 c 4 c
чет
5 c 2 c
пет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!