По повод Денот на независноста 8-ми Септември во Тетово со цел да се одбележи државниот празник, поединечно, цвеќе положија делегации на општинскиот комитет комитет на ВМРО ДПМНЕ и општинската организација на СДСМ.
-Република Северна Македонија денеска одбележува 29 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Делегација на ОО СДСМ Тетово предводена од пратеничката Фаница Николоска, претседателот Бобан Видоески и координаторот на советничката група Живе Алексоски положи цвеќе на споменикот на Револуцијата.Чекори напред татковино, известија од општинската организација на СДСМ Тетово.
Делегацијата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ беше предводена од пратеникот Александар Велјановски.
-На денешен ден пред 29 години, повеќе од 1 милион и сто илјади граѓани гласаа позитивно на референдумското прашање за самостојна Македонија и го трасираа патот на Република Македонија.Промената на името на државата задира длабоко во нашиот идентитет, името е силно поврзано со нашиот идентитет. Ние мораме постојано да работиме на идентитетот затоа што тоа е наша должност која ни ја оставија нашите родители, баби и дедовци. Да ни е честит денот на независноста и самостојноста на Република Македонија, истакна Велјановски.
А.С