• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово поставен камен темелник за изградба на затворен пливачки базен

За градење на базен ќе се потрошат 43 милиони денари со ддв, а димензии се 25 метри должина 9 ширина. Објектот се гради до недоградена спортска сала на спортскиот центар. 

09/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово беше поставен камен темелник за затворен пливачки базен во рамки на проектот на Агенцијата за млади и спорт за градење на 14 вакви објекти.  За градење на базен ќе се потрошат 43 милиони денари со ддв, а димензии се 25 метри должина 9 ширина. Објектот се гради до недоградена спортска сала на спортскиот центар.

-Рокот е изведба е 18 месеци но и до крај на оваа година се надевам дека ќе биде во функција на граѓаните. Започна проектот со консултација со спортски работници кои укажаа дека е потребна ваква инфраструктура не само во Скопје туку и во сите градови. Целта е да намалат штетни влијанија кај нашите деца како што сколиози, деформитети, зголемување на телесна тежина, што пред се со пливањето како базичен спорт ќе може да биде острането, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На настанот присуствуваа премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски, министерот Хисен Џемаили и други владини функционери.

-Ова е за нас голем ден бидејќи започнуваат важни проекти за иднината и за на здравиот начин на живот. Задоволство ми е поголемо што е од општина Тетово започнуваме, се надевам дека наредните денови и другите 5 градови ќе почнат со градење во првата фаза, а потоа уште 8 базени. Владата покажа дека важно место зазема спортот во агендата на Владата. Посебно сум горд на ваучерскиот систем, физичко образование од прво одделение со посебен наставник. Сето тоа покажува за намерите и добрите идеи и што треба да правиме со идните генерации. Колку побрзо се стават во функција вакви проекти толку подобро и за државата, рече Спасовски.

-Овој објект покрај од спорски карактер, ќе биде важен и од аспект за работата на наставниот кадар, во медицинските третмани но воопшто и за генерациите што доаѓаат, истакна Хисен Џемаили.

Во првата фаза ќе се започне со градење на базени во Тетово, Кичево, Штип, Битола, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а потоа во уште 8 општини.

А.С

Тагови: агенција за млади и спортбазеннов проект

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Најава дека ќе проработи лизгалиштето како и дека ќе се реконструираат постарите спортски објекти низ државата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.