• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Промовирана книгата „Синови на земјата“ од авторот Лукас Дајнс

На Универзитетот во Тетово беше промовирана „Синови на земјата“, од авторот Лукас Дајнс, американец кој има живеено и работено во Тетово. Авторот создал фикција, а вели дека на тој начин сака го раскаже она што го научил од луѓето во Македонија и да каже за неговото уникатно искуство.

29/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот во Тетово беше промовирана „Синови на земјата“, од авторот Лукас Дајнс, американец кој има живеено и работено во Тетово. Авторот создал фикција, а вели дека на тој начин сака го раскаже она што го научил од луѓето во Македонија и да каже за неговото уникатно искуство.

-Мојот поглед и причината зошто ја напишав оваа книга е затоа што луѓето овде верувам дека се прекрасни луѓе и имаат приказни кои треба да бидат раскажани од перспектива на психологија и филозофија. Во книгата имав еден настан и го кажав од сите перспективи на луѓето во Македонија конкретно од Македонците и Албанците. Сакав да бидам во можност да ги покажам од тој настан, сите различни борби на заедниците тука кои ги имаат во однос на идентитетот. Исто така да можат две групи да ги видат погледи перпесктивите на другиот и со таа визија да можат подобро да се разберат и да одат напред, рече авторот Дајнс.

Карактеристика за книгата е контроверзна илустрација на насловната страница со националните обележја на Македонците и Албанците.

-Насловната страница е метафора за тоа што има во книгата. Кога ја објавив, примив многу лутина и реакции за корицата и верувам дека луѓето ја судеа книгата по нејзината корица исто како што им се суди на луѓето во Македонија според нивната националност. Јас повикував и барав од нив да погледнат внатре во книгата како и погледат подлабоко во луѓето за да дознаат нивната внатрешна борба со доброто и со злото, рече писателот.

Книгата е преведена на албански јазик. Авторот живеел 4 години во Тетово и работел во Универзитетот и приватно средно училиште.

Тагови: книгасинови на земјата

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Хуманитарна акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ во четврток во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.