• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во тетовскиот дневен центар згрижување и за деца со попреченост од претшколска возраст

Дневниот центар за згрижување на деца со попреченост во Тетово заедно со невладината организација „Имаго плус“ го зголеми капацитетот на установата па од сега таму ќе можат да одат и деца од претшколска возраст.

25/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Дневниот центар за згрижување на деца со попреченост во Тетово заедно со невладината организација „Имаго плус“ го зголеми капацитетот на установата па од сега таму ќе можат да одат и деца од претшколска возраст.  На свеченоста по повод почнувањето со работа денес присуствуваа заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

-Приоритетите на Министерство и Владата е да ги развиваме социјалните сервиси. Дневните центри на локални ниво се тие кои не следат на локално ниво и претставуваат мост за зближување со другите установи со цел вклученост за сите во општеството. Ново отворениот центар има стручен кадар кои ќе работат на индувидуален третман со децата, рече заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар

– Како заеднички именител ни е инклузија на децата со посебни потреби.  Надминуваме еден досегашен недостаток и на тие семејства им укажуваме дека не се сами, рече Теута Арифи

Во Дневниот центар ќе бидат згрижувани дополнително уште 15 деца од претшколска возраст.

-Со отворање на овој центар нема да одат децата во други градови и да прават трошоци. Нашите вработени имаат сертификати за настава со современи методи за деца со попреченост, рече Земријет Бела Вејсели од здружението на граѓани „Имаго плус“.

-Ова е мал но значаен чекор во подигање на општествената свет, препознавање, прифаќање помош на семејствата кои се соочени со оваа проблематика. Воедно дел од концептот едно општество за сите. На сите катерогии на граѓани да им даде можност да земат учество во сите општествени сфери, рече Дарко Обадиќ, директор на Центар за социјални работи Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи истакна дека во училиштата се прави обид да се зголеми бројот на вработени со цел инклузија на учениците со попреченост.

Тагови: деца со попреченостдневен центарпретшколска возрастТетово

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Теута Арифи: Конкуриравме за градинка која ќе има капацитет од 90 деца

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!