• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетовско за пребрзо возење во март 793 казни, околу триесет отсто повеќе од лани

05/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За пребрзо возење во текот на март 2022 полицајците од Тетово изрекле казни за вкупно 793 возачи. Оваа е зголемување од околу 30 отсто во споредба со март 2021 година кога имало 231 казна помалку.

-Возачите ја пречекориле максимално дозволената брзина, најмногу на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и низ тетовските улици. На пребрзите возачи во овој период изготвени им се поднесоци, а оние со најголеми пречекорувања ќе се соочат и со мерка времено одземање на нивните возачи дозволи од три месеци до една година. Во периодот за кој станува збор, исто така, споредено со минатогодишниот март, санкционирани се и поголем број возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола, вкупно 142, односно 53 повеќе. Најмногу од нив управувале патнички моторни возила и мотоцикли, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тој вели дека Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведува превентивни и други активности, во рамките на кои посебен фокус се возачите кои се движат со поголема брзина од пропишаната и без возачка дозвола, а кои се планирани и наредните месеци.

Според портпаролот во март на ова подрачје најчести причини за случените сообраќајни несреќи се токму неприлагодената брзина и неправилно вршење на дејствие, пред се на градските улици и автопатот.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Делегација на ОУ „Прпарими“ -Голема Речица престојува во Италија во рамки на Еразмус плус проект за размена на образовни практики

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.