• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во ФК Тетекс во јуни пристапија десет нови фудбалери и четворица повратници

01/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на јуни ФК Тетекс се засили со 14 фудбалери-десет нови играчи и четворица повратници во клубот. Продолжени се договорите со седум веќе активни фудбалери, а од младинскиот погон во првиот тим се префрлени пет играчи.

Нови фудбалери се Ненад Тодороски од Осогово,  Димитар Иванов, Флорент Османи, Јусуф Алиу од Беса, Александар Ангелковски од Гостивар, Антонио Мирков од Саса, Давид Маџунковски и Стојан Попоски од Кадино, Дарио Јовановски од Беласица, Далибор Костовски од Локомотива.

Старо-нови фудбалери во клубот се Михајло Јакимовски кој се враќа од Воска, Марко Спироски и Бојан Зафировски од Македонија ЃП и Арменд Адеми од Кадино.

Продолжени договори со Марко Ивановиќ, Стефан Стефановски, Агон Елмази, Виктор Јовановски, Никола Сарески, Борис Јакимовски, Дарко Дигаловски.

Од младински тим приклучени Стефан Богојевски, Даниел Николовски, Арлинд Алији и Бесмир Камбери и Мерван Имери.

-Посебно задоволство ни претставуваа  денешното доаѓање на фудбалери кои потекнуваат од ФК Тетекс, а се повратници во нашиот клуб. Од првиот ден најавивме дрка тенденција ќе биде враќање и давање шанса на фудбалери кои потекнуваат од Тетово и тетовскиот регион. Им посакуваме на сите успешни настапи во претстојната сезона, информира Мирче Блажески, претседател на ФК Тетекс.

Во среда 6 јули ФК Тетекс ги започнува летните подготовки во Тетово. Од 22 јули ќе има летни подготовки во Струга пред почетокот на првенството на 13 август.

-Воедно закажани се и шетст контролни натпревари  од 20 јули до 8 август со Работнички, Воска, Струга ТЉ, Караорман и Пелистер. Сите натпревари ќе се одиграат на гостински терен. Дополнително ќе биде утврден терминот за пријателскиот натпревар против Љуботен, информира Блажески.

Од летово по промена на раководството за шеф на стручен штаб е поставен Бојан Захариев, заедно со асистентите Даниел Радевски и Костадин Ацески, како и Миле Спироски тренер на голмани.

 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Приведување на малолетници од 14 до 16 години поради физичка пресметка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.