• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во јануари и февруари 2022 година 332 возачи од Тетовско откриени како возат без возачки дозволи или без положен испит 

28/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, заклучно со денеска на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и со соодветни поднесоци санкционирани се  332 поединци-возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и без возачка дозвола. Поголемиот број од санкционираните биле регистрирани во текот на минатиот месец.
 
-Претежно станува збор за возачи на возраст од 17 до 40 години, кои без возачки дозволи  управувале сопствени или возила на други лица, најчесто од нивни најблиски или роднини. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел посебно до младите, но и сите други, да не седнуваат зад волан без положен испит и да ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Зашто, нивната необученост и неискуство можат да бидат причина за несакани сообраќајни проблеми, неретко и со најсериозни последици, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
 
Сите веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, така што ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесуваат  250 евра во денарска противвредност, а парични глоби во тој износ ги очекуваат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат положено возачки испит.

ас
 
                     

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Иницијативата „Тетово сака парк“ добива поддршка од спортистите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.