• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Гасификацијата на Тетово и годинава се очекува догодина

Гасификацијата на Тетово е постојано ветување. Жителите алармираат дека гасот е повеќе од потребен и тоа што поскоро.

29/12/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Гасификацијата на Тетово е постојано ветување. Жителите алармираат дека гасот е повеќе од потребен и тоа што поскоро. Тема на Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

Минатата година беше најавено дека догодина во Тетово ќе има гас, но сепак годинава повторно ново ветување дека овој енергенс ќе се користи наредната 2020 година. Вака во два наврати за две години се зборува од надлежните кога ќе биде овозможена гасификацијата на Тетово.

„Тука се гради главна мерна регулациона станица кај Фалише која ќе биде со капацитет од 22 илјади метри кубни гас на час. Ова е дел од ЛОТ 5 почнува од Скопје завршува во Гостивар од вкупна должина од 78 километри плус крак Тетово 10 километри. Ова е на ниво на 60 отсто книжна реализација, реалната уште поголема бидејќи има 70 отсто реализација, очекувам да биде завршена оваа делница во прва половина од наредната година. По што ќе се следат други испитување на комфор стандарди за градење, така што при крај на наредна година оваа делница ќе биде пуштена во употреба и ќе може да опслужиме со нашите услуги за пренос на нашиот преносен систем“, изјави Бајрам Реџепи, директор на државното акционерско друштво Национални енергетски ресурси.

Поради оценката дека процесот на гасификација ќе се соочи со проблеми и одложувања, во невладиниот сектор сметаат дека треба да се избегнат нови потешкотии и да не се дозволи на пример општините да раководат со овој енергенс.

„Општините немаат капацитети да се справат со таков голем проект. Не се во состојба дупките на улиците да ги покријат, снегот да го исчистат од улиците, а камоли да изградат таква огромна мрежа на дистрибуција. Мислиме дека целиот овој проект да се дава на компанија или под концесија или на групација која веќе има искуство со менаџирање на дистрибутивни мрежи некаде во Европа или во регионот“, изјави Арианит Џафери од организацијата Еко Герила

Жителите на Тетово алармираат дека гасот е повеќе од потребен во градот и тоа што поскоро.

„Ќе се намалат средствата буџетски. Потрошувачката домашна. Ако е сигурно направено. Ама не верувам јас во тоа. Пукаат цевките.“

„Повеќе од потребно е. Одамна требало да биде тоа, но можностите биле такви. Што ќе помогне ? Ќе помогне индивидуално ќе има греење поквалитетно, а и еколошки ќе бидеме позаштитени од ова загадување и така натаму.“

„Гасификацијата е еден тренд во светот и во Европа. Така и овде во Тетово е многу потребна гасификација. Со гасификацијата ќе се решат многу големи проблеми. Како најнапред, овие индивидуални ложишта ќе се намали загадување на воздухот, а ќе има и бенефит и целата индустрија и целото индустриско производство. Ќе се намали цената на трошокот на кој било производ кој што се произведува на територија на општина Тетово и пошироко“, велат жителите на Тетово.

Тагови: гасификацијагасоводТетово

Поврзани објави

Теми и интервјуа

За реставрација на фрескоживописите во црквите нема доволно конзерватори за ѕидно сликарство

19/06/2022
Вести

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

18/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари се соочија со оштетување на опремата и возилата гаснејќи го пожарот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“

07/06/2022
Теми и интервјуа

Дел од пензионерите имаат 10 илјади денари пензија, па се мачат како да платат сметки и да се прехранат,во време кога секојдневно се зголемуваат цените на храната

03/06/2022
Теми и интервјуа

Нема некоја поголема промена на Шар Планина иако речиси една година е национален парк

25/05/2022
Вести

Градочалникот Касами со најава дека ќе продолжи пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“

09/05/2022
Следна објава

Хрватскиот форум и Македонско Хрватското Друштво Тетово со предновогодишни посети во ОУ "Андреа Савески Ќиќиш" и во Дневниот Центар Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.