• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Ги молат пензионерите да се придржуваат до препораките-Старите лица со најмногу предизвици поради состојбата со коронавирусот

Голем дел од пензионерите се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот-како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се снабдат со јадење и лекови. Вака ја објаснува состојбата Селвер Мемети претседателот на Здружението на пензионери од Тетово како деновиве се справуваат нивните членови со ситуацијата, а особено со метежите пред банките каде се чека на ред за земање пензии

07/04/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Голем дел од пензионерите се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот-како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се снабдат со јадење и лекови. Вака ја објаснува состојбата Селвер Мемети претседателот на Здружението на пензионери од Тетово како деновиве се справуваат нивните членови со ситуацијата, а особено со метежите пред банките каде се чека на ред за земање пензии

-Буквално ги молиме пензионерите да се придружуваат до препораките за превенција и спречување на ширење на коронавирусот на Министерсвото за здравство и Светската здравствена организација. Бидејќи како најризични за заразување и заболување се и најопасни за ширење на боелста, вели Мемети.

Сепак тој  вели дека проблемот со собирањето на луѓе пред банките има и втора страна-бара воведување на поголем ред од надлежните институции но и самите банки бидејќи не се проблематични сите пензионери туку дека има и други луѓе кои придонесуваат за тоа.

-На републичко ниво е побарано од раководството на Сојузот на пензионери да има носење на пензиите до дома. Јас лично предлагам сега за сега полицајци и вработените од обезбедување да одржуваат ред и да нема метеж пред банките и поштата, вели Мемети.

Сега на нивниот објект стои известување дека клубот и Здружението сега не работат и се молат пензионерите да контактираат телефонски за секоја потреба

-Сите активности согласно ограничување со движењето се прекинати.  Мораме дури и здравствените прегледи за ЕХО кои ги имавме да се стопираат. Нормално нема да има средби и ревијални натпревари.  Претседателите на ограноците комуницираат со сите членови преку телефон. Настојуваме да им помогнеме што повеќе, ако има некој да има потреба да му се купи итно нешто од дуќан или аптека. Имаме дузина пензионери кои имаат под 67 години и можат да се движат па тие се волонтери кои помагаат во оваа ситуација, објаснува Мемети.

Деновиве од здружението биле позитивно изненадени и од младите членови на две политички партии кои исто така помогнале на нивни членови со носење на пакети со храна и хигиенски производи.

– Моментно во пензионерскиот дом во соба престојува само една жена. За неа беше пакетот, а други пензионери дома добија помош од младите на партиите. Исто така и општина Тетово ни додели 250 заштитни маски, рече Мемети.

Тие упатиле барања до сите локални самоуправи да пратат помош бидејќи голем дел од пензионерите имаат разни потреби. Тетовското здружение брои 13 илјади пензионери.

-Прво има пензионери со ниски примања, одвај им стигаат за храна и лекови. Потоа имаме луѓе со тешки болести, изнемоштени и со оперативни зафати кои имаат потреби од разни препарати, лекови и слично, потенцира Мемети.

Канцеларијата на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија во Тетово пак не ни работи. Претседателот Гидо Бојчески објаснува дека сите нивни членови се во најризичната група на луѓе и по возрасна граница но и поради хронични болести или пак инвалидност и спреченост  за движење.

-Додека трае вонредната состојба имаат сите брови и ако имаат итна потреба може да не побараат. Ние имаме фонд за помош на оние кои се социјално најзагрозени која ја доделуваме секоја година во август. Сега тоа се надеваме ќе го направиме побргу исто така со надеж дека бргу ќе заврши вонредната состојба, изјави Бојчески.

Преку ова здружение членовите имаат можност да набават и дрва за огрев. Во Тетовско се бројат околу 24000 инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Студенти даваа заштитна опрема на минувачи во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.