• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Голем број пожари на отворено-изгореле хектари со пченица во Тетовско  

06/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Речиси секојдневните пожари на дивите депонии во руралните области и обработливите површини резултатираат  со десетици изгорени хектари земјишта, а во опасност се доведуваат и станбените објекти- куќи на жители во тетовскоте села, алармираат од тетовската противпожарна единица. Командантот на пожарникарите Ука Алити, вели дека деновиве изгоре многу пченица, а најопасно било во Циглана дел од тетовската населба Дреновец.

– Во Дреновец во Циглана пожарот на отворено дојде до самите куќи, за среќа немаше зафатен објект. Само вчера во атарот на селото Стримница изгореа над 20 хектари земјиште со пченица. Во Одри, пред три дена, изгоре многу површина нежнеана пченица. Земјоделците чекаат да со соберат сега приносо, но жал има несовени граѓани кои палат и доаѓа до појава на пожари, објаснува Ука Алити.

Покрај високите температури за појавувањето на пожарите според командантот, значаен  фактор е човечкото поведение.

-Има намерно палење на смет на отворено но и отпадот што се наоѓа на диви депонии.Многу се фрла стара покуќнина и мебел и се пали за да изгори, ама после се проширува огнот. Во дивите депонии се фрла и материјал кој е опасен и сам може да се запали. Невнимание има и кај земјоделците кои со палење на оган сакаат да изгорат стрништа и слични отпадоци, објаснува Ука Алити.

Тој предупредува дека и покрај тоа што пожарникарите се подготвени потребна е поголема совесност и институционална поддршка.

-Мобилизирани сме за секоја интевенција, ама треба и инспектори од сите општините и други институции како и полицијата да бидат будни и да ги следат овие работи бидејќи потребни се повеќе санкции за ваквите постапки, вели Алити.

Деновиве пожари се гаснеле во Жеровјане на дива депонија, во Стенче на ниви, како и во Теарце и Брвеница.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.

А.С 

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

И покрај редовните сообраќајни акциски контроли има пребрзо возење - дури и над 50 км. на час низ градот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!