• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Актуелно

Градежни активности во неколку училишта во Тетово во текот на распустот

Од секторот за јавни дејности велат дека покрај инфраструктурата се прави обид да се подобрат услови и во квалитетот на наставните средства.

20/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на распустот има изведување на градежни активности во
неколку училишта во Тетово со цел да се подобрат условите за работа во новата учебна година.
Од секторот за јавни дејности велат дека покрај инфраструктурата се прави обид да се подобрат
услови и во квалитетот на наставните средства.

-Од поголемите зафати може да се издвојат уредување на училниците во средното стручно
училиште „Моша Пијаде“ со цел да се добијат доволно простории за да има изведување на
настава само во една смена. Во основното училиште во Вејце комплетно е променет покривот.
Фасади се менуваат во училиштата „Лирија“, „Андреа Савевски-Ќиќиш“, „Истигбал“ и „Братство-
Миѓени“-изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при општина Тетово.
Во сите училишта се прават и редовните бојадисувања и чистење на просториите. Таму каде што
нема потреба од инфраструктурни подобрувања се прави обид да се унапреди состојбата со
надгледните средства во наставата.

Фокусирани сме на дигитализацијата во наставата како современ метод на спроведување на
часовите, рече Ќазими.

Во трите уписни рокови во јуни во средните училишта во Тетово се запишани 1315 ученици, од кои
993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски наставен јазик.

Александар Самарџиев

Тагови: Ахмед Ќазимиградежни активностиреконструкцијаТетовоучилишта

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Саботен билтен на СВР Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!