• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Градот се гордее со тетовецот Самир Љума кој е дел од екипата која го снимаше филмот „Медена земја“ сега номиниран за Оскар

Огромен број тетовци денес на социјалните мрежи изразуваат поддршка и зборови на среќа и гордост за Самир Љума од Тетово, кој е дел од екипата која го снимаше документарецот Медена земја“, по денешното номинирање за добитник на најпрестижната филмска награда Оскар.

13/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Огромен број тетовци денес на социјалните мрежи изразуваат поддршка и зборови на среќа и гордост за Самир Љума од Тетово, кој е дел од екипата која го снимаше документарецот Медена земја“, по денешното номинирање за добитник на најпрестижната филмска награда Оскар.

Самир Љума заедно со Фејми Даут беа сниматели на филмот. Самир веќе долги години се занимава со филмска камера и фотографија.

Документарниот филм „Медена земја“ го режираа Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Филмот на 12 октомври 2019 беше прикажан за прв пат во Тетово. Беше прогласен за најдобар филм на 8-то издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал ОДА.

-Драго ми е што со филмот се прикажа тука во Тетово, каде беа моите филмски почетоци во драмското студио. Штета што и Атиџе од филмот не беше тука да ја сподели радоста за наградата, рече тогаш Самир.

Тој е роден и живеел во Тетово, а потоа во Скопје  и надвор од Македонија. Неговите родители живеат во Тетово.

„Медена земја“ е номиниран во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм. Наградените ќе бидат познати на 9 февруари на прогласувањето во Лос Анѓелес.

-Ова е прв пат документарен филм да е номиниран во две категоии што значи успех со историкси размери, напишаа од екипата на филмот на нивната Фејсбук страница.

Досега само Милчо Манчевски со „Пред дождот“ бил номиниран за Оскар во самостојна Македонија, додека во рамки на Југославија номинација имал и Столе Попов за документарниот филм ДАЕ.

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Празнична Света Василева литургија Владиката г.Јосиф денес отслужи во црквата Свети Никола во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!