• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Граѓаните со години возат по автопат со дупки на релација Тетово-Гостивар

Прашуваат зошто да се плаќа патарина за ваков пат каде ги оштетуваат возилата и се доведуваат во опасност.

29/04/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дупки и нерамнини на целата должина од автопатот Тетово-Гостивар, оштетена заштитна ограда, се показателите за катастрофална состојба во која се наоѓа оваа важна сообраќајница по која поминуваат повеќе илјади возила дневно. Иако од сите тие возила државата наплаќа и милиони евра за патарина се уште нема пообемна санација и со години се вози по овој лош пат.

Во јануари 2021 министерот за Бочварски најави дека ќе се прави физибилити студија која ќе  покаже дали е потребно да се обнови асфалтот или да се прошири автопатот со повеќе коловозни ленти.  Одговор за ова стигна од јавното претријатие за патишта, кои велат дека изградбата на автопатот Тетово-Гостивар ќе го реализира конзорциумот Бехтел и Енка, за што Собранието за прв пат донесе и закон за номинирање стратешки партнер -нов модел без распишување тендер.

-Владата е уверена дека овој модел  ќе даде најбрз и најоптимален резултат во изградбата на патната мрежа. Ова е и најголем инфраструктурен проект во земјата, се вели во информацијата од јавното претријатие.

Граѓаните се револтирани што мора да се се движат по вакви коловозни ленти, да ги оштетуваат возилата и што во опасност се доведуваат нивните животи. 

Во анкетата на возачите кои управуваа возило на автопатот го рекоа следното: 

-Има на некои места нерамнини, така румби тумби што ги викаме по наше..Јас патот го знам немам гајле,ама тие што не го знаат имаат доста.. излетуваат од патот.
-Никако катастрофа све дупки.
-Има дупки искрено, вреди да се подобри, но сепак се вози
-Автопат добар ? све дупки, све скршено.
– Све е дупки не вреди да се плаќа, све е дупки е, за никаде е патот.
-Има дупки колку сакаш, само кршиш возила и ништо друго не правиш.
-Целиот е со дупки

Несразмерно е плаќањето за патарини и другите давачки за возилата како технички преглед со она што го добиваат од државата за квалитет на патиштата, сметаат граѓаните.

-Треба да се плаќа кога се регистрираат колите. Колку полуксузна кола толку повеќе треба да платиш порез или данок со тие пари да се праваат колите. Не е исто со скршена кола и со ферари да поминеш тука, вели возач. 

Една патарина на Тетово-Гостивар е 30 денари или 120 вкупно за одење во два правци. Во 2021 година  46 милиони и 400 илјади евра беше годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. 

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Брвеница-со „лежечки полицијци“ се прави обид да намалат сообраќајните незгоди

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.