Во текот на вчерашниот ден два напади од бездомни кучиња се пријавени од граѓани во тетовската полиција. Нападнати се возрасно лице и дете.
-Во 14.50 часот во полициската станица Тетово, Д.З.(68) од Тетово пријавила дека на улица „180“ блок 70 била касната од куче скитник. Дента подоцна во 18.30 часот Ј.С.(38) од Тетово пријавил дека на улица 29-ти ноември, неговиот малолетен син пред куќата бил каснат од куче скитник, соопшти СВР Тетово.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по состанок на Кризен штаб на новинарско прашање како во време на ќе се справува општината со проблемот истакна дека ќе биде зголемено одвојувањето на средства за справување со бездомни кучиња.
-Овој буџет ја имаме зголемено сумата за овие програми со тенденција да овој процес да стане по систематиизиран, институционализиран и долгорочен. Исто така сакам да подвлечам дека како проблем сме го ставиле и во приротитетите на полошкиот плански регион имајќи го предвид фактот дека овој е еден регионален проблем и оттаму имаме плус уште едно финансирање од страна на другите меѓународни партнери но во однос на нашето буџетирање значи го имаме највисокото буџетирање за третирање на овој проблем, рече Теута Арифи.
А.С