• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Две гледишта на Законот за игри на среќа

Движењето Анти Коцкање порачаа носителите на одлуки, да не паднат пред финансиски желби. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија испрати предупредување дека со предлог измените на Законот 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа.

09/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Анти Коцкање одржа прес конференција со цел да упати јавно обраќање до политичкиот естаблишемент пред гласањето на Законот за игри на среќа. Тие порачаа дека носителите на одлуки, да не паднат пред финансиски желби.

-Ситуацијата во која се наоѓаме е загрижувачка слика за државата и тенденција за влез во Европската унија.Ние јавно им се обраќаме на сите лидери на политичките партии, претседателот на парламентот, претседателот на државата, Комисијата за финансирање и буџет, на120-те пратеници кои ќе гласаат пред сè и најважно е да размислуваат за своите деца бидејќи и тие не можат да бидат имуни од овој вирус и е суштинско прашање за државата.Пред да гласаат да гледаат наоколу и да посетат семејство кое е жртва на коцкањето, веруваме дека солзите на бездомните семејства ќе бидат доволно да одлучат,  солзите на нивните деца ќе бидат доволно за да одлучат дилокација на тие објекти,истакна Џемал Абдиу од Движењето.

Од  Движењето Анти Коцкање реагираа на соопштението на Асоцијацијата на обложувалниците.

-Ние бараме нивна дислокација 3 км од населените места бидејќи тие се разурнувачи за иднината на земјата додека од асоцијацијата бараат поплавување со такви објекти каде нивните клиенти главно се деца и депресивни родители.Тие се преправаат дека се вознемирени за 7700 вработени со минимална плата од 16.000 денари искористувајќи ја тешката економска состојба, рече Абдиу.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вчера преку соопштение до јавноста испрати предупредување дека со предлог измените на Закон за игрите на среќа и забавните игри кои се на дневен ред на 131-та собраниска седница, 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа.

– Дали се подготвени да избришат една цела стопанска гранка која дава значаен придонес во државниот буџет и директно вработува 7.700 луѓе кои индиректно подржуваат 54.000 работни места во други стопански гранки? Дали се подготвени да ризикуваат да избришат една целосно регулирана индустрија и да создадат услови за нелегално обложување и сива економија?,
Измените на Законот се носат без соодветни претходни анализи на состојбата, социјални и финансиски импликации кои истите би ги предизвикале предупредува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Асоцијацијата на спортски обложувалници констатира дека со ваквиот предлог закон ќе се предизвика правна несигурност на страната на субјектите на кои им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење согласно Законот за игри на среќа.

– Ваквиот предлог Закон прави директен упад во издадените и веќе постоечки лиценци. Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот во тековната или наредните фискални години, велат од АСОМ.

Во АСОМ членуваат петте најголеми спортски обложувалници: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

За шест часа откриени 15 возачи како управуваат возила под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.