Две лица на возраст од 55 и 68 се починати како болни од Ковид-19 во тетовскиот регион во изминатото деноноќие. Сега има вкупно 84 лица кои го загубиле животот поради коронавирусот, со што стапката на морталитетот (смртноста) достигна 41.0 (однос број на смртни случаи во споредба со 1000 лица население).
Новозаболени има 15 лица, со што вкупно болни се 157 луѓе, а има досега 1363 дијагностицирани.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи . Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.