• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Демократската партија на Албанците (ДПА) на конвенција во Тетово ги претстави кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори

Лидерот на ДПА  Мендух Тачи пред членовите истакна дека доколку овие пратеници успеат да бидат дел од Владата ќе работат на два концепти во економијата и достигнување на високо ниво на консензуална демократија.

13/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

ДПА ги претстави кандидатите за пратеници на конвенција во Тетово.  Ќе имаат кандидатски листи во пет од шестте изборни единици. Претседателот на партијата Мендух Тачи е носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица.

Лидерот на ДПА  Мендух Тачи пред членовите истакна дека доколку овие пратеници успеат да бидат дел од Владата ќе работат на два концепти во економијата и достигнување на високо ниво на консензуална демократија.

-Пред 18 години Албанците во Македонија беа економски најмоќни од сите Албанци во регионот, а сега не е така. Мора да има буџет со рамномерна распределба, односно 30 отсто за Албанците. Во сите странски компании и корпорации кои функционираат тука мора да има задоволителна застапеност на вработени Албанци наместо досегашната практика да бидат по 2-3 отсто. Ќе се бориме за консензуалната демократија за да ги оствариме сите наши барања, истакна Мендух Тачи.

Во првата изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници  е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица  носител на кандидатската листа е Васви Доко.

„Доаѓа лето низ врата“ е мотото со кое ќе настапи ДПА на парламентарните избори.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Изгоре кровна конструкција поради пожар од оџакот во куќа во Мала Речица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.