На плоштадот во Тетово во 20 часот ќе продефилираат играорци учесници на 13-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Скупи 2019, што се одржува во Скопје.
Играорци од Киргистан, Косово, Хрватска, Словенија, Албанија, Турција, Северен Кипар и многу други земји како гости ќе продефилираат низ Тетово пред втората фестивалска вечер.
Во текот на денот играорците беа на прием во општина Тетово.