• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар повеќе активности за подобрување на инфраструктурата

Периодов се извршува замена на делови од заштитната ограда како и расчитување на крупната вегетација и смет долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар

21/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) периодов извршува замена на делови од заштитната ограда како и расчитување на крупната вегетација и смет долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. На потегот која е под надлежност на секцијата Тетово од Сарај до Жеровјане ќе се промени или санира жица од заштитната ограда во вкупна должина од 6000 метри.

– Досега имаме променето жица од оградата од вкупно 800 метри. Работата на промена или санација ќе продолжи во наредниот период како и во текот на летоти се додека не се постави преостанатиот дел. Голем дел од оградата е уништена или оштетена поради кражби и несовесни постапки на поединци кои правеле штета на оградата, како и поради сообраќајни несреќи, изјави Дејан Јовановски од тетовскат секција на јавното претријатие.

Паралелно со овие активности периодов се извршува чистење на крупната вегетација и сметот долж автопатот.

-Прво се расчистуваше вегетацијата делот Желино-Тетово, а сега и кон Гостивар. Се работи и на собирање на сметот. За жал за неколку дена повторно има смет бидејќи луѓето не се совесни и фрлаат смет од нивните возила, изјави Јовановски.

Во текот на годината тетовската секција на претријатието ќе учествува и во реконструктивни зафати. Ќе се работи на регионалните патишта Р1206 низ Боговиње, Р2234 потегот Јегуновце-Радуша, кај Орашје и Р1203 Тетово-Јажинце односно на потегот градски стадион-Порој во должина од 1300 метри, како и делумно проширување и асфалтирањена потегот Теарце-Доброште.

А.С

Тагови: автопат скопје-тетово-гостиваржичена ограда

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Одземени 89 килограми тутун и 415 кутии цигари од нелегални продавачи, нападнати инспектори на ДПИ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!