За сите вработени во тетовската територијална противпожарна единица приватна компанија донирала ќебиња, постелнина и слични производи кои им се потребни за луѓето додека престојуваат во објектот на пожарната.
-Нема ништо подобро од тоа кога работата што ја работите ја ценат другите. Иако во овие многу тешки периоди за приватниот сектор и нивната сериозна состојба, овие денови ние како противпожарна единица во Тетово, од страна на „Фешн компани“ бевме снабдени со ќебиња и слични производи за потребите на пожарникарите додека престојуваат во пожарната. Од срце се заблагодаруваме за нивната дарежливост и великодушност, да ни помогне дури и во овие тешки моменти, изјави командантот на тетовските пожарникари Ука Алити.
Во тетовската пожарна работат 70 луѓе.