• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Еко Герила : Владата итно да ја прогласи Шар Планина за Национален парк

31/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Невладината организација Еко Герила со повик до Владата да прогласувањето на Шар Планина за национален парк да го стават на гласање во Сорбанието. Според нив завршена е постапката за валоризација на тимот на експерти кои дале позитивна оценка за постапката.

„Еко Герила постојано беше заинтересирана да го разбере напредокот на валоризацијата на вредностите на Шар Планина, документ што претставува основа за воведување на оваа територија во рамките на системот на заштитени подрачја, имено прогласување за Национален парк. Екипата на експертите даде препорака дека оваа територија треба да биде прогласена за Национален парк за да се заштитуваат флората и фауната, различните природни ресурси, вклучувајќи и различни минерали но и плановите за развој на секоја засегнатата општина под територијата на Шар Планина.Денес ја повикуваме владата да ја проследи одлуката на експертите да ја прогласат Шар Планина за Националниот парк, пред пратениците во Парламентот, со цел да се официјализира оваа одлукаж и да ги почитуваат оценките и заклучоците на експертите за внатрешното зонирање на паркот, истакна Аријанит Џафери од Еко Герила на денешната прес-конференција.

Организацијата посочува дека постојат страни кои сакаат да го спречат прогласувањето на Шара за национален парк.

„Според наши информации постои некаков облик на притисок од страна на интересните групи вклучени во изградбата на мали хидроцентрали субвенционирани од даночните обврзници кои бараат да го спречат прогласување на Шар Планина за Националниот парк додека не ги реализираат своите проекти и да ги уништат околината и реките на Шара. Овој вид на притисок или лобирање од страна на хидро-мафијата не треба да биде земен предвид од граѓаните и Владата, вели Џафери.

Прогласување на национален парк ќе значи давање предност на природната разноликост,велат од Еко Герила.

„Тие треба да дадат приоритет на заштитата на разни растителни и животински видови на планината Шара, заштитата на водните ресурси за жителите на подрачјата околу планината а исто така и заштитата на шумите од масовната сеча.Интересите на граѓаните и жителите на заштитеното подрачје треба да бидат приоритетни во однос на интересите на мафија на хидроцентралите која уништува природни ресурси со државни субвенции, односно со пари на граѓаните, рече Џафери.

А.С

Тагови: еко гериланационален паркШар Планина

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Фотоволтаичните централи се иднина на чистата енергија сметаат во Еко Герила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.