• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Жителите на Вратница против изградба на хидроцентрали

Месната заедница од тетовското село Вратница испрати отворено писмо до државните институции од кои бараат да се спречи уништувањето на природната околина со градење на 5 мали хидроцентрали на Вратничка река. Штетите во Вратница би биле поголеми од придобивките и ќе се уништи реката, потенцираат жителите на селото.  

13/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Месната заедница од тетовското село Вратница испрати отворено писмо до државните институции од кои бараат да се спречи уништувањето на природната околина со градење на 5 мали хидроцентрали на Вратничка река. Штетите во Вратница би биле поголеми од придобивките и ќе се уништи реката, потенцираат жителите на селото.

-Со сила ни се наметнува проектот за уништување на Вратничка река, единствените недопрени шумски површини околу реката и сиот животински и растителен свет што е директно зависен од реката. Проектот за изградба на дури 5 мали електрични централи со вкупна моќност од само 5 мега вати електрична енергија, за сметка на ставање во цевки на целата вода од реката од самите нејзини извори, па се до вливот во Вардар, повторно по неколкугодишно затишје се актуелизира. Дали Вратничани, Орашани,Староселци и сите останати, треба да бидат агресивни и дрски, па надлежните челници конечно да сфатат дека нивниот збор и нивната желба да ја зачуваат оваа  природна убавина, конечно некој да ја сфати сериозно и да ја почитува. Како може да се дозволи заради бизнис интересите на една шака моќници исклучиво заради нивен личен профит, да се стави во прашање опстанокот и голата егзистенција на ова население кое живее околу реката.Сосема добро ја разбираме потребата на државата од производство на електрична енергија од обновливи извори, ама исто така знаеме дека мора да се стават на вага придобивките од реализација на овој проект, со штетите кои ќе произлезат од истиот. Вратничани се длабоко убедени, а тоа може во секое време да го докажат и со аргументи, дека во случајов штетата ќе биде далеку поголема од придобивката и дека ќе биде направен геноцид на природните убавини во поширокиот вратнички, орашки и староселски регион на подолг период и ќе биде ставен под знак прашалник опстанокот на овие населени места, се наведува во јавниот повик на мештаните на Вратница.

Од таму потенцираат дека пред 7 години, во голем пожар беше уништен целиот шумски фонд на Вратница во планинскиот појас, како дополнителен проблем за зачувување на животната средина во нивната област. Потребна е интервенција на државата затоа што шумата и понатаму страда од криминални групи и дивата сеча.

-Беа уништени стотици хектари вековни шуми на кои ќе им требаат стотина години за повторно да заживеат. Месноста Габар веќе со години се уништува од страна на концесионерите на рудниците за ископ на калциум карбонат, со што во целост се менува самата географија на целиот крај. Шумскиот појас под селото, се до Вардар, кој е во приватна сопственост на Вратичани, веќе со децении безмилосно се сече и уништува од страна на дрвокрадци, без никој при тоа да не преземе никакви активности за спречување на оваа појава. Уништени се стотици хектари густа дабова шума и никој за тоа не презема никаква одговорност и ако се работи за приватни имоти за кои Вратничани совесно ги плаќаат сите даноци. Од целото природно богатство со кое располагаше Вратница, недопрена останува само реката и шумскиот појас околу неа и тоа само поради фактот што тој предел е практично недостапен. Со изградбата на малите централи и со отворањето на пристапните патишта, практично ќе се отвори простор за уништување и на ова наше недопрено богатство. Да не го споменуваме законот за води во кој во целост се поставени приоритетите за користење на водните ресурс, велат во писмото мештаните на Вратница.

Вратничани бараат претставниците на институциите да најдат време да ги сослушаат за проблемите

-И покрај тоа што со закон е предвидена јавна расправа за вакви проекти во која ќе биде вклучено и локалното население, некој очигледно свено бега од ова, бидејќи е свесен дека аргументите се на нивна страна, се вели во писмото.

Дописот е доставен до повеќе министерства и општина Јегуновце во чиј склоп е и селото Вратница.

 

Тагови: вратницаписмохидроцентрали

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Медицински отпад на среде тротоар во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.