• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Започна реконструкција на патот Тетово-Попова Шапка

Министрите Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид како се одвива реконструкцијата на патот од Тетово до Попова Шапка. На должина од 18 километри и 200 метри се поставува нова асфалтна површина.

23/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министрите Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид како се одвива реконструкцијата на патот од Тетово до Попова Шапка. На должина од 18 километри и 200 метри се поставува нова асфалтна површина.

-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово- Попова Шапка е еден од 12 патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Зоран Китанов.

Градоначалничката Теута Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.

-Ове значаен пат како за општината така и за цела околина имајќи во предвид туристички аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација, рече Арифи.

Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница истакнаа дека се размислува што треба приоритено да се направи.

-Владата сериозно размислува и она што во моментов се случува е првиот показател. Минатиот период многу било на зборови дека се сака да се инвестира но на дело треба да се случи. Владата инвестира во делот на патот и не само во делот на патот и секаде каде е потребно бидејќи Попова Шапка е еден од клучните туристички центри во нашата држава и тоа ќе се случи, рече министерот за транспорт и врски Сугарески.

-Во моментот се прават две анализи, за економска оправданост за инвестирање во иднина што се под надлежност на Елем Турс. До октомври консалтинг агенција треба да ја достави анализата по што ние како Влада да одлучиме дали ќе биде под концесија или јавно приватно партнерство, мора да има детална анализа, рече министерот за економија Бектеши.

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па асфалт над цел коловоз.

Александар Самарџиев

Тагови: попова шапка-тетовореконструкција

Поврзани објави

Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

Најава дека Тетово-Гостивар ќе биде стандарден автопат со по три ленти во правец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.