• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат на технички преглед, а како прекршок се казнува со 300 евра

06/12/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сакаат затемнети стакла на возилата, па имаат проблем за технички преглед, а воедно ризикуваат казна од 300 евра.  За оваа значително зачестена појава и проблем, алармираат од тетовските технички прегледи порачувајќи им на сопствениците да ја избегнувааат  практиката да поставуваат фолии за затемнување на стаклата доколку сакаат да го поминат задолжителниот годишен технички преглед за исправноста на возилата. Воедно со такви фолии ризикуваат да бидат испратени од полицијата на вонредени технички преглед.

-Оваа сфера е регулирана во Правилникот за технички барања на системи, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензии и вкупните маса на возилата (објавен во службен весник бр.21 од 12 февруари 2010 година) во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална каде е потенцирано колкава треба да биде видливоста на стаклата.Видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти, велат од станицата технички преглед Автостар плус од Тетово.

Од таму велат дека поради ваквиот „тренд“ имаат  чести недоразбирања кога им велат на сопствениците на возилата дека не може во таква состојба возилото да добие одобрение за техничка исправност.

-Законските одредби се јасни и не дозволуваат поставување фолии за затемнување. Од друга страна постојано доаѓаат луѓе со затемнети стакла на возачкото и совозачкото стакло па дури и на  ветробранското стакло (шофершајбна). Така доаѓаме во конфликт, но мора да се знае дека за помине едно возило на технички преглед стаклата не треба да бидат целосно затемнети, односно треба да ја имаат соодветната видливост, велат од станицата технички преглед Автостар плус од Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи во Тетово информираат дека секојдневно се откриваат сопственици на возила постапиле несоодветено и ставиле фолии за затемнување на стаклата.

-Во 11-те месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје изготвени се  вкупно 448 поднесоци, односно прекршочни платни налози кои се однесуваат на затемнување на стаклата со фолии. За овој вид сообраќаен прекршок, согласно членот 360 став 4 предвидена е парична глоба од 300 евра во денарска противвредност. Според споменатото законско решение, возачите можат да користат, односно да ги затемнат само задните странични стакла и задното ветробранско стакло. Но, при тоа фолиите што ќе ги употребат за таа цел и намена задолжително треба да бидат атестирани, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тој вели дека СВР Тетово и до крајот на оваа година ќе презема повеќе контролни и други мерки кои се однесуваат на користењето фолии од возачите и ќе ги санкционира сите прекршоци од ваква природа и карактер.

Тагови: автомобилизатемнети стаклатехнички преглед

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Промовирана монографија за тетовската музичка група Серенада

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.