• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За „Тетово сака парк“ членовите на Советот на Тетово повеќе зборуваа за проблеми и пречки отколку за решенија

26/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се одржа најавената консултативна средба на претставниците на иницијативата „Тетово сака парк“ со членовите на Советот на Општина Тетово. На средбата од 31 советник,  речиси половината од нив, кои имаа прилика да ги слушнат деталите за иницијативата за парк. Потоа се разви дискусија во која се разменуваа ставови, мислења како и одговори на прашања.

Сите советници кои зборува ја истакнаа поддршката за оваа иницијатива, но од друга страна потенцираа голем број, според нив, пречки и проблеми поради кои тешко е да се реализира идејата да се формира градски парк, без да се понудат решенија за проблематиката. 

-Ќе ја поддржиме оваа иницијатива но треба да гледаме и какви ни се проблемите. Ние имаме проблеми со експрпријацијата на еден булевар десет години. На предложените места кои биле државни па продадени на приватни инвеститори и додека да се спремиме да влеземе во експропријација ќе поминат 30-40 години. Ние тие места што се во соптсвеност на општина Тетово ќе правиме паркови тие што се на приватни инвестороти таму е многу тешко е да се направи парк, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

Хамди Сулејмани, советник од редовите на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ и претседател на комисијата за урбанизам при Советот исто така смета дека има повеќе пречки за реализацијата на идејата.

-Ова е една од најдобрите иницијативи која расте во Тетово. Имотни правни односи и проблеми има многу кои многу години седат како нерешливи проблеми.  Како човек од струката сметам дека реализацијата на идејата за парк е можна фазна или парцијална додека комплетно е невозможно, рече Сулејмани.

 Од иницијативата „Тетово сака парк“ потенцираат дека советниците многу грижа полагаат за приватните сопственици кои се помал дел од предложениот потег во споредба со јавниот интерес за формирање на парк за сите граѓани.  Иницијаторите порачаа дека се работи за доминанта државна сопственост на земјиште кое лесно може да се провери преку институциите.

-Ниту советниците, ниту ние, ниту општината ја измисли приватната сопстевност и доколку приватна сопственост било пречка, Македонија немаше да има еден инфраструктрен објект.Советниците како да не се од разни групи туку имаат горе толу исти ставови и ги преферираат отежнителните околности наместо предностите за реализација. Втората работа, кога се има волја и секогаш се наоѓаат начини. Кога има отсуство или недостаток на волја почесто човекот сака да наоѓа изговори. Третата работа- и тој што има за желба за повисоко јавно добро секогаш ќе прифати се што може и тоа што е над неговите сили само да се придонесе кон оставрување на јавниот интерес, изјави Даријан Сотировски, од иницијативата „Тетово сака парк“

Иако првичнио имаше различни ставови, сепак дискутантите се согласија да продолжат ваквите средби, а по иницијатива на претседателот на Советот најавена е средба и во општинската зграда.

-Единицата на локална самоуправа е претставнички орган преку Советот на самите граѓани така да советот е непосредното одлучување на нас, граѓаните. Затоа тука почнавме-втората инстанца која се наоѓа во склоп на општината е градоначалникот. Сигурно е дека во следниот период ќе се обидеме да најдеме разбирање и од градочалникот, изјави Сотировски.

Иницијативата беше поднесена до општината и согласно законот за локална самоуправа како писмен предлог, за кој од „Тетово сака парк“ очекуваат и одговор во рамки на определените 60 дена.  Онлајн петицијата ја потпишаа над 3000 граѓани.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Нема кој да работи сточарство, се помалку храна ќе има

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.