• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Извршено осветувањето на црквата Свети великомаченик Георгиј Победонoсец во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце

И навистина нема поголем влог во нашата духовна иднина од тоа да се подигне храм, бидејќи градењето на храмови, всушност е градење на нашата вечност и самото тоа е вградување во неа, истакна г. Јосиф.

14/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Митрополитотот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со свештениците од тетовското намесништво извршија осветување на црквата Свети великомаченик Георгиј Победонoсец која се наоѓа во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце. Со долгогодишната изградба и осветувањето се поставува духовен столб на овдешните верници, потенцираше владиката во својот говор пред присутните.

-Денес по цели 15 години поминати од поставувањето на камен-темелникот дојде денот кога овој новоизграден храм посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец го осветивме, со што се исполнија желбите на сите јегуновци, кои низ сиве овие години се трудевте да се изгради овој храм за да биде духовен столб и место за духовна поткрепа и препород. И навистина нема поголем влог во нашата духовна иднина од тоа да се подигне храм, бидејќи градењето на храмови, всушност е градење на нашата вечност и самото тоа е вградување во неа, истакна г. Јосиф.

Митрополитот истакна дека радоста е голема кога човек ќе го погледне овој веќе осветен храм е навистина голема, поради големиот труд што е вложен од страна на ктирорите и луѓето кои ја помагале изградбата.

-Наоѓајќи се денес во овој новоосветен храм, гледајќи Ве Вам и набљудувајќи го ова место во кое неискажливо и неисцрпно обитава благодатта Божја, чувствувам потреба, како надлежен духовен татко на оваа Епархија да им се заблагодарам на сите знајни и незнајни помагачи и ктитори, кои на каков и да бил начин ја помогнаа изградбата на овој храм. Ја користам оваа свечена прилика да ја искажам и мојата особена благодарност до Иницијативниот одбор, до нашите иселеници од Дијаспората како и до нивниот свештеник протоереј-ставрофор Синиша Ристовски од Детроит,  кој потекнува од Јегуновце, за нивната несебична помош и залагања за доизградба на овој свет храм,

Црквата почна да се гради на 25 јули 2004 година со поставување на камен темелник. Во текот на градбата во предвечерието на патрониот празник Ѓурѓовден на 5 мај верниците од овој крај доаѓаат на одбележување на патронот на црквата Свети Георгиј кога се врши мал водосвет и режење на славските колачи.

Месноста Пештер го добила името поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри. Воедно претставува археолошки локалитет т.е. некропола од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце.

 

Тагови: владика ЈосифЈегуновцеМПЦосветувањететовско-гостриварска епархијацрква

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава
црвен крст

Крводатарителни акции на две места во Тетовско неделава

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.