• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Излезе од печат романот „Старецот и короната“ од Јован Дамјановски

06/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Љубителите на пишаниот збор може да го прочитаат најновиот 18 роман на тетовскиот писател Јован Дамјановски со наслов „Старецот и короната“ кој деновиве излезе од печат и може да се набави во книжарницата Хартија Комерц во Тетово. 

Авторот во интервју за Тетово инфо минатиот месец порача дека овој роман има две главни пораки, а е посветен на голготата на несреќните луѓе кои ги изгубија животите поради пандемиската болест но и драмата на оние која ја преживеаа болеста преку главниот лик наречен Небојша.

-Првата порака е по народната умотворба „Кога судбината зборува-човекот треба да молчи“.  Во таа смисла судбината е работа која што луѓето не ја определуваат сами. Уште една порака има во овој роман – дека човек има само еден живот и никој не доживува два животи. Затоа тој се бори и затоа е борбата меѓу короната и човекот-борба да се обезбеди животот со нов почеток во животот независно на колку години се доживува, изјави авторот.

Поговорот за романот е напишан од писателот Раде Силјан. Издавач на романот е Матица Македонска. Корицата на книгата е илустрирана со цртеж од тетовскиот академски сликар Павле Кузмановски.  Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово, доктор на науки и универзитетски професор, член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година. Покрај на романи, автор е и на книги со раскази, драми и сценарија.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Петмина приведени поради најдена марихуана и нож

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.