• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Изложба на Павле Кузмановски во Уметничката галерија во Тетово

Најпознатиот академски сликар од Тетово, Павле Кузмановски во Уметничката Галерија претстави дел од деценискиот опус за тетовската публика по повод неговиот 80-ти роденден.

12/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Најпознатиот академски сликар од Тетово, Павле Кузмановски во Уметничката Галерија претстави дел од деценискиот опус за тетовската публика по повод неговиот 80-ти роденден. Тој пред многубројната публика порача дека му е мило што по трет пат изложува во Уметничката Галерија.

-Ова е мојата трета изложба тука. На отворањето и промовирањето на Уметничката Галерија во 1967 беше мојата прва изложба. Втората ми беше во 2007 година по повод 40 години занимавање со техниката цртеж. Ваква изложба планирам и во Скопје каде има доволно голем простор за изложба со над 150 слики во Чифте Амам, истакна Кузмановски.

Писателот Јован Дамјановски посочи дека оваа изложба во минијатурни рамки е мал дел од големото творештво на Павле Кузмановски.

-Извлечена како срж на неговото ликовно создавање, претставување на чудесна слика на реалниот живот.  Со сликите длабоко ја чувствува пролетта која е младост на годината,но во неговите сведоците се открива застрашувачкиот изглед на староста. Основни тематски преопокупации се портрет, мртвата природа, актот на женско тело и пејсажот во различни варијации. За нас неговите обожаватели и почитувачи секоја слика е непосреден допир со пламенче од секое кандилце на човековата душа, истакна Дамјановски.

Академскиот сликар Павле Кузмановски е роден 1939 во Тетово. Во 1959 г. завршил школа за применета уметност – Скопје. Во 1966 г. дипломирал на Академијата за применети уметности – Белград. До сега приредил 50-тина самостојни ликовни изложби, а учествувал на преку 250 колективни ликовни изложби во земјата и во странство. Добитник на значајни награди за сликарство.

А.С

Тагови: изложбапавле кузмановски

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Горан Чавдаровски реизбран за претседател на тетовската општинска организација на НСДП

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.