• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Илија Дуковски, кој детството го поминал во Тетово, сега во Америка работи на откривање на метаболизмот на бактериите и последиците врз здравјето на човекот

50 годишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот на научници на Бостон Универзитетот каде периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите кои се во организмот на луѓето. Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање на резултати од метаболизмот на бактериите.

16/10/2019
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

50 годишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот на научници на Бостон Универзитетот каде периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите кои се во организмот на луѓето. Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање на резултати од метаболизмот на бактериите.

-Првиот се однесува на цревниот микробиом, т.е. бактериите кои живеат во цревата на луѓето. Бактериите во нашите црева имаат важна улога за нашето здравје. Промени во составот на микробиомот често се појавуваат истовремено со стомачни заболувања. Причините за ваквите промени се уште не се разјаснети.Се претпоставува дека промените во метаболизмот на бактериите, и нивната интеракција преку размена на метаболити, игра суштинска улога за здравјето на домаќинот. Мојата работа се состои во создавање на компјутерски модели на метаболизмот на овие бактерии. Целта е да се разјасни размената на метаболити помеѓу бактериите и цревата на домаќинот.  Вториот проект е симулирање на растот на тумори. Во основа на овие симулации е моделирањето на метаболизмот на клетките на рак. За разлика од нормалните клетки кои респирираат кислородот, т.е. дишат, клетките на ракот не дишат на истиот начин, иако кислородот им е достапен. Оваа појава, т.н. Варбургов ефект, комбинирана со модел на раст на ткивото на тумор се во фокусот на овој проект. Третиот проект се однесува на физичките аспекти на раст на бактериски колонии. Во овој проект физиката на механичка интеракција помеѓу клетките ќе има главна улога, објаснува Илија Дуковски.

Претходно во на Универзитетот работел на процесот на откривање на производство на биогориво од растителен материјал, целулоза чиј резултат во иднина треба да биде намалување на загадувањето на животната средина на светско ниво.  Се смета дека користењето на биогорива како обновливи извори на енергија наместо сегашните фосилни горива ќе ги намали стакленичните гасови и токсичните материи во воздухот кои ја уништуваат озонската обвивнака на планетата, а со тоа ќе се намалат  негативните климатски промени и последици по флората и фауната насекаде низ светот.

-Целта на истражувањето беше формирање на заедница на бактерии која би произведувала биогориво од растителен материјал, целулоза. Во таквата заедница би учествувале неколку врсти на бактерии кои меѓусебно разменуваат метаболити. Метаболитите се хемикалии кои се производ на метаболизмот на една врста, а служат како нутриент (храна) на друга врста. Конечниот производ на ваквиот ланец на размена на метаболити би бил биогориво. Заради тоа, познавањето на метаболизмот на бактериите е клучно при изборот на врстите кои ќе го сочинуваат ланецот на производство на биогориво, вели Илија.

Системската биологија како област во која работи Илија заедно со колегите од Универзитетот и е насоката која треба да биде основа за создавање на новите видови горива.  Претставува нова научна област која почнува кон крајот на 90-тите години, овозможена од развојот на компјутерската техника со која се следат процесите. Илија се занимава со проучување на метаболизмот на бактериите.

-Системската билогија се занимава со оние својства на организмите кои можат да се воочат само ако клетките се изучуваат во целост, како систем. Така на пример, клеточниот метаболизам со методите на системската биологија се проучува како мрежа на сите хемиски реакции присутни во клетката. Во системската билогија се користат математички и компјутерски методи, па дури и методи позајмени од теориската физика“ објаснува научникот.

Дуковски е роден во Полска, како дете на сопружници, бегалци од Eгејскиот дел на Македонијa, односно Грција. Во 1972 година неговото семејство доаѓа да живее во Тетово, каде Илија го поминува деството. По завршувањето на гимназија во Тетово, се одлучува за физиката како насока во која ќе го продолжи образованието и тоа на Природно математичкиот Факултет во Белград (1989-1995). Од 1996 година постојано е во Америка каде на универзитетот на Масачусец во Амхерст до 2001 година ги завршува постдипломските студии и докторските студии по статистичка физика . Од 2001 започнува и постдокторски студии по Полимерна наука а воедно обавува и научно истражувачка работа. Следуваат девет години работа во инудстријата на полупроводници, а потоа се занимавал со компјутерски сумулации за развој на полупроводнички материјал. Од 2012 година е дел од Бостон Универзитетот каде го проучува метаболизамот на бактериските колонии.

-Мене од основно и средно училиште ме интересираа и физиката и биологијата, а ја имав таа среќа да ја почнам кариерата во физиката, а да продолжам кон биологијата во САД. Во Америка  има одлични можности за луѓе кои ги интересира науката. Бостон нарочито е град со голем број на врвни универзитети.  Биолошките науки исто така се во подем во Бостон и воопшто во САД и светот. Ако во 20-тиот век најголемите научни достигнувања беа во областа на физиката, во 21-иот век изгледа ќе биде век на биологијата, проценува научникот.

Бостон универзитет, кој е формиран 1839 година,  е еден од најпрестижните истражувачки центри во САД.  На Универзитетот има повеќе од 3.900 наставен кадар, а речиси 10 илјади со се администрацијата. Студираат околу 33.000 студенти на дипломски, постдипломски и докторски студии. Ја поседува категоризацијата Р1- Докторски универзитет (многу висока истражувачка дејност) во Карнеги класификација на институциите на високото образование во САД и на 32-ро место меѓу светските универзитети од САД.  На Унивезритетот се образувале осум добитници на Нобелова награда, 23 на Пулицеровата награда и уште многу други успешни луѓе од целиот свет. Во 1876 година, професорот Александар Греам Бел го измислил телефонот во лабораторија на Универзитеот. Водачот на движењето за граѓански права д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1955 година во Бостон Универзитет  ја стекнал докторската титула.

Александар Самарџиев

 

Тагови: бостонилија дуковскиметаболизмот на бактериите

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Тетовската библиотека подаруваше бесплатни книги за промоција на читањето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.