• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ : Има многу недостатоци околу шестоседот

. Терените се уништени и таа земја може да ја фати ерозија и со тоа да му се наштети на шестоседот, велат од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

26/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“кои имаа кратка средба со претседателот на Владата, Оливер Спасовски, реагираа до јавноста дека околу шестоседната жичница се уште има недостатоци. Тие сметаат дека и понатаму има техничка неподготвеност, иако добиле спротивно уверување од премиерот.

Хамди Сулејмани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ посочува дека имаат информации дека уште технички не се подготвени сите документи.

-Премиерот во непосредба средба тука рече дека сите документи и технички извештаи се спремни и сите ќе ги објават. Таму има технички прием од надзорен инженер, треба да има извештај од производителот дека тоа може да се стави во фунцкија, истакна Хамди Сулејмани од Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Според него, природната околина на шестоседот, исто така е уништена.

-Во последна ставка за изведба на овој проект стои дека целиот простор, цел тој коридор каде минува жичницата треба да се врати во првобитна состојба. Терените се уништени и таа земја може да ја фати ерозија и со тоа да му се наштети на шестоседот, рече  Сулејмани.

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ смета дека за развој на Попова Шапка е потребно да се замени ЕСМ како менаџмер на капацитетот.

-Тие велат дека сакаат да ги продадат хотелите но не и ски  лифтовите зошто сакаат да се фокусираат на производство на енергија, но тоа е контрадикторно. Сигурно дека треба странски инвестиција или менаџмент да го раководи овој капацитет кој е поголем од сите други во регионот, рече Сулејмани.

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Книгата „Блок, личен лекар на Енвер Хоџа“ промовирана на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.