• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Иницијативен одбор бара од надлежните уредување и инфраструктура во тетовско Фалише каде се погребуваат православните верници

Се формираше иницијативен одбор на граѓани од Тетово која побара кај надлежните да се изгради соодветен објект и да се доуреди локацијата во тетовско Фалише, каде 13 години се погребуваат луѓе од православна вероисповед но нема инфраструктура и обележје.

28/12/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се формираше иницијативен одбор на граѓани од Тетово која побара кај надлежните да се изгради соодветен објект и да се доуреди локацијата во тетовско Фалише, каде 13 години се погребуваат луѓе од православна вероисповед но нема инфраструктура и обележје. Иницијативниот одбор одржа средба со митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во насока за координација и разгледување на можностите.

За иницијативата веќе се запознаени и во општина Тетово, а градоначалничката ветува дека ќе има помош од локалната самоуправа.

-Во буџетот на ЈКП планираат да работат на доуредување на гробиштата во Фалише. Доколку има потреба од додатни средства за инвестирање, како што тоа се направи со капелата, доколку се покажат слични потреби, спремни сме исто така да дадеме и придонес тука, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Поддршка за иницијативата има и од советнички групи на на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

-Мене ми е мило што има иницијативен одбор кој што ќе го решава прашањето со катастрофалната состојба на градските гробишта. Имаме иницијатива во следниот период околу партерното уредување и хортикултурно уредување што преку донациии што од буџетот на јавното комунално претијатие кое и во владение ги има градските гробишта. Друга работа која што сакаме, за која се надевам дека ќе добиеме поддршка од советничката група на СДСМ за изградба на помошен објект, менза за верски обреди каде што ќе можат достоинствено луѓето при извршување на верскиот обред да седнат со ожалостените фамилии. Се надевам дека во програмата за 2020 изградбата на овој објект кој што е од голем интерес за граѓаните ќе влезе на дневен ред и општината ќе започне со негова реализација, изјави Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

-Секако поддржуваме се што е за добробит на граѓаните бидејќи сме тука заради нив. Може да се направи не со само со овој буџет туку и со ребалансот на буџетот кога ќе се донесе. Се што е за добробит на граѓаните на општина Тетово, затоа што не сме тука само како политички парти туку и како граѓани како лица кои што имаат можност да ги застапуваат интересите на општина Тетово, изјави Анастасија Блажевска од СДСМ .

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи информираше дека е одржана средба со г. Јосиф и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски и за другиот проблем – старите градски гробишта. Се разговарало за проект околу уредувањето на градските гробишта во Тетово.

-Тетово има сериозен проблем околу состојбата на градските православни гробишта, а за проблемите поразговаравме отворено со предложување решенија. На работната средба со градоначалникот Арифи и митрополитот Јосиф разгледавме конкретен проект чија реализација би создала достоинствено место за покој и оддавање почит на умрените, изјави Даријан Сотировски.

А.С

Тагови: гробиштауредувањефалише

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Мендух Тачи : Деблокирањето на интеграцискиот процес е спремноста ДПА и понатаму да разговара со СДСМ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.