• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Истражување-Колку граѓаните чувствуваат бенефит од средствата кои се потрошени за активните мерките и услуги за вработување на Агенцијата за вработување

24/10/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Колку граѓаните чувствуваат бенефит од средствата кои се потрошени за активните мерките и услуги за вработување на Агенцијата за вработување“  беше насловена трибината Здружението Женски Форум – Тетово на кои се презентираат податоци од проектното истражување. Здружението Женски Форум – Тетово како локална партнерска организација ги спроведуваше активностите на овој проект во општина Тетово и тоа во населбите Цетинска и Вардарска и село Шипковица.

-Клучните проблеми идентификувани од изработената скор карта се: Ниту едно од интервјуираните 200 лица не се вработило како резултат на  користење на некоја од активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување. Ниту едно од интервјуираните 200 лица не ги користело мерките Поддршка за самовработување (Претприемништво) и Субвенционирање на плати. 65,50% од интервјуираните лица не се регистрираат како невработени во Агенцијата, наведуваат во истражувањето.

Понатаму најголемиот дел, односно 40.46% не се регистрираат 2 години и повеќе, а дури 49.62% не можат да одредат колку долго не се регистрирани во агенцијата. 5.34% не се регистрирани само 1 месец, 1.53% не се регистрирани 6 месеци, а 3.05% не се регистрирани 1 година.

-Само 31.90% од интервјуираните лица слушнале за одредени мерки и услуги на Агенцијата за вработување. Од вкупно регистрираните испитаници  31.90%  рекле дека знаат за мерките и услугите шти ги нуди Агенцијата, 46.40% од испитаниците рекле дека не знаат за мерките, а 21.70% рекле дека не можат да одредат. Само 1 испитаник, односно 4.50% од регистрираните испитаници се изјаснил дека користел одредени услуги на Агенцијата, стои во истражувањето.

Оваа активност е дел проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост”, кој го спроведува Здружението за еманципација солидарност и еднаквост ЕСЕ од Скопје во партнерство со Здружението за унапредување на родова еднаквост Акција Здруженска од Скопје, а поддржан е од Европската Унија.

Дарко Антиќ, проектен координатор при ЕСЕ, истакна дека на национално ниво истражувањето покажало дека во однос на буџетско работење на Агенција за вработување од 2014 до 2018 година континуирано им се зголемуваат средствата, а воедно се зголемуваат и расходите односно она што тие планираат и го трошат реално во работењето.

-Негде 1 милијарда 839 милиони денари се собираат во просек и се трошат на годишно ниво од кои 1 милијарда 609 милиони се за програмите и мерките за вработување. Речиси половина од овие средства кои се наменети за програмите и мерките за вработување се средства кои се трансферираат кон надворешна агенција –УНДП која ги спроведува овие средства и дава одредени мерки и програмите во рамките на оперативниот план за вработување. Во 2018 се зголемуваат средствата за програмите и мерките за вработување 583 милиони денари, меѓутоа во голем дел овие средства се исплаќаат за паричен надоместок во случај на невработеност за невработени граѓани во стечајни постапки на фирмите кои биле во државна сопственост, а се приватизирале во изминатиот период. Мал е делот кој оди за реално имплементирање на мерки и активности кои би дале при придонеле за намалување на невработеноста и би им помогнале на невработените да се вработат, за да активно партиципирата на пазарот на трудот, потенцира Антиќ.

Проектот се спроведува на ниво на цела Македонија во 4 општини- Тетово, Струмица, Свети Николе и Битола.

-Опфатени се 818 граѓани, од кои 812 се невработени, а шест граѓани се вработени како резултат на мерките и програми за вработување. Од тие 812 кои се невработени, повеќе од пполовина иили 55 проценти се нерегистрирани граѓани во евиденцијата на Агенцијата за вработување од кои се нерегистрирани 91 процент од нив 2 години. 77 проценти од вкупниот број невработени се долгорочно невработени или невработени над 4 години.  Причината зошто граѓаните не се евидентирани на Агенцијата затоа што нема доверба во она што го пружа агенцијата како услуга или програми и сметаат дека нема да им помогне да се вработат и нема да им најде работа. Од оние кои се регистрираат во Агенцијата тоа се 45 проценти од вкупниот број на невработени кои се опфатени тоа се граѓаните кои се евидентираат како активни баратели, односно на секои  30 дена. Од нив 60 граѓани или 16 проценти знаат дека имаат некакво право да користат некоја мерка или услуга. Оние кои се вработени се 6 граѓани кои користеле 3 видови од оперативниот план. Поразителително е тоа што за 2017 имало повеќе вработување односно 56, а наредната 2018 само шест, истакна Антиќ.

Врз основа на одговорите од теренското интервјуирање, граѓаните дале препораки : Најголем дел од испитаниците односно 39.13 % сметаат дека АВРСМ треба пред се да ги информира невработените за мерките и услугите; – 5.80% сметаат дека треба да се воведат нови мерки и услуги; – Значителен процент (28.99%) сметаат дека треба да се подобри квалитетот на веќе понудените мерки и услуги; – 24.64% од испитаниците сметаат дека треба да се работи повеќе со невработените лица и  -1.45% не можат да проценат што конкретно е потребно АВРСМ да направи за невработените лица.

Финални препораки на граѓаните произлезени од сите реализирани активности :  Да се преземат мерки за отстранување на пречките кои го отежнуваат процесот на регистрација во евиденцијата на невработени преку воведување на  пофлексибилни рокови помеѓу секоја регистрација на невработените лица и надоместување на  трошоци за транспорт за лица кои живеат во руралните средини . Да се преземат мерки за подетално запознавање на регистрираните невработени лица, посебно жените (при секоја посета на Центарот за вработување за регистрација во системот на невработени) за мерките и услугите кои може да ги користат. Да се преземат мерки за подетално запознавање на нерегистрираните невработени лица посебно жените (преку медиумска кампања) за мерките и услугите кои може да ги користат.  Да се преземат мерки за непосредно информирање на невработените лица посебно жени од рурални средини, за мерките и услугите кои може да ги користат (преку директни средби, теренски посети, едукативни работилници). Да се воведат нови мерки и услуги кои ќе бидат насочени кон олеснување на вработувањето на лица со пониско ниво на образование и на лица кои припаѓаат на повозрасна категорија, посебно жени

Да се преземат чекори постоечките мерки и услуги да се користат соодветно на предвиденото во Оперативниот план (да се користат од категориите на невработени лица за кои навистина се наменети) и да се почитуваат критериумите за селекција на корисници на мерките. Да се преземат мерки за зголемување на довербата од страна на невработените лица кон Агенцијата и да се развие поадекватен пристап и однос кон невработените лица.

 

Тагови: женски форумистражување

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Доделени 81 грант за самовработување и бизнис во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.