Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ- Тетово, Ангел Карапетров одржа прес конференција.
-Тактиката на чекан и танц која ја навести претседателот на СДСМ даде резултати ! Чеканот ни се удри од глава, а короната слободно си танцува во нови пообемни и побројни кластери. Нестручноста која ја докажаа во сите области го достигна ПИКОТ на неспособноста. Слоганот : “Живот за сите” се претвори во “живот за заеви и потесното раководство на СДСМ! Додека “Зборот е збор” – односно зборот даден од Заев е најголема лага.
Од ветувањата не видовме ни заковена шајка, па така горчливите проблеми со кои се соочуваме остануваат да се реализират во програмата за обнова на Македонија. Да потсетиме, во 2017 година Зоран Заев бесрамно ветуваше пред медиуми дека проблемот со гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„ ќе го реши до крајот следната година. Но, еве веќе сме месец јуни 2020 година, а проблемот со тетовската гимназија остана нерешен. Пробивањето на булеварот Видое Смилевски – Бато, е уште едно во низата ветувања на владата на СДСМ, за кои тетовци сеуште чекаат на негова реализација.
Граѓаните можат да забележат дека на терен не се одвиваат никакви градежни активности. Исто така, низа ветувања беа дадени од страна на Зоран Заев и Оливер Спасовски за обновување на скијачкиот центар „Попова Шапка”, но освен неколку пропаднати сезони, не видовме ништо. Почитувани граѓани, СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3-три и пол години. Свесно ветуваа и свесно лажеа. Единствен реализиран проект на СДСМ е полнењето на нивните банкарски сметки. Во моментов, Македонија се бори со две катастрофи Корона кризата и СДСМ. Се надеваме и веруваме дека од двете битки, Македонија ќе излезе како победник, истакна Ангел Карапетров.