• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Кафез за душата“ насловен најновиот роман на тетовскиот писател Јован Дамјановски

 Тетовскиот писател Јован Дамјановски го издаде 16-тиот по ред роман насловен „Кафез за душата“.  Романот е издаден од издавачката куќа „Дијалог“од Скопје, а поговорот е на писателот Веле Смилевски.

07/08/2019
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот писател Јован Дамјановски го издаде 16-тиот по ред роман насловен „Кафез за душата“.  Романот е издаден од издавачката куќа „Дијалог“од Скопје, а поговорот е на писателот Веле Смилевски.

-Во оваа книга е приказна за наша сограѓанка која била на специфична работа во Париз, Франција во јавна куќа. Таа се обидува да се врати во родниот крај да најде нов пат во животот и да побегне од како што вели „смрдлива кал“ на  неморалот во кој живеела. Се обидов да кажам дека судбината не ја определуваме самите, понекогаш судбинат и самите ја предизвкуваме но и самиот предизвик е судбина, вели романсиерот.

Тој вели дека главниот лик Ивана која потоа се враќа во Тетово, се обидува да се претстави кај луѓето со маска, или како што вели Јунг со помош на маските луѓето се претставуваат како сакаат да бидат сфатени, а не какви што вистински се.

-Таа живее помеѓу лагата и вистина. Во овој роман по словенската антитеза како стилска фигура која често ја користам сакам да кажам дека лагата понекогаш може да има предност пред вистината што може да ја користи фантазијата, а вистината мора да се случи. Таа е згрозена од тие сомнежи дека ќе биде демаскирана и дека ќе пропадне обидот најде човек за вистинска љубов, човек кој ќе знае да простува.  Во родниот крај бидејќи ќе се соочи измамник кој ќе сака да и ги уркаде парите ќе сфати дека неморалот е присутен не само во јавните куќи туку и во обичниот живот, потенцира Дамјановски.

Ивана се враќа во Франција, откако осознава дека еден човек не постои само како добар или само лош туку дека постои само човек кој што во себе ги има сите човечки особини и карактестиски и ќе пројави една или друга карактеристика во зависност од околностите.

-Пораката на овој роман е дека сите луѓе па и Ивана се вградуваат но и се користат со колективната свест. Таа се обидува да ја најде вината за сопствениот живот. Пораката може да се заклучи по крајот на романот-како повратник во родниот крај таа се насладува со француски коњак,  а во Франција на фармата со домашната македонска ракија на братот Атанас. Тука е смислата на глобалистичкиот начин на живот и разбирање на современиот свет. Ивана од јавната куќа во Париз се обидва да покаже дека земјата се повеќе станува мала но е заедница за сите луѓе на светот, потенцира тетовскиот писател.

Романот ќе има свечена промоција во септември. Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово и член на Друштвото на писателите на Македонија.

Тагови: јован дамјановскикафез за душатароман

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Кај Карпалак одбележана годишнина од загинувањето на 10-те бранители од Прилепско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.