• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 10 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Кај Карпалак одбележана годишнина од загинувањето на 10-те бранители од Прилепско

Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје претпладнево беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година

08/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје претпладнево беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит им оддадоа претставници на Владата, министерството за одбрана, од кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

-Тој ден тргнавме од Прилеп да го браниме Тетово, но не стигнавме. Секоја година по 18-ти пат го поставуваме барањето за споменик.  Дали личи и дали тие луѓе заслужиле почит да им се даде на споменик. Секојдневно преживеаните умираат, од 118 луѓе секој ден умира некој од негрижа, изјави Ацо Јовановски-Реган, кој бил дел од резервните припадници на Армијата во конвојот од Прилеп.

-И по 18 години ништо, ветувања и ништо. Зарем овие 10 не заслужија спомен обележје што го дадоа својот живот за Македонија. Односот на власта е ист како и претходната, нема апсолутно никаква разлика. Го повикувам премиерот Зоран Заев, бидејќи пред 7 години кога беше потпреседател на СДСМ, потпишавме меморандум за соработка во кој тој се обврза дека ако дојде на власт 90 отсто ќе бидат исполнети барањата на учесниците во 2001. За жал заборави и сакам да го потсетам, да оставриме средба и да се решат проблемите. Половина од учесниците мизерно го завршија својот живот, без работа и здравствено осигурување. Ние како да бевме погрешната страна, иако бранејќи ја државата немаме никакви права, изјави Јордан Трајковски од здружението на резервни воени обврзници од Прилеп.

Националниот координатор за воено-полициски ветерани Стојанче Ангелов кој положи цвеќе пред спомен плочата за новинарите одговори на прашањето за поставување споменик.

– Спомен плоча со години наназад и не беше скршена се додека во јавноста во една емисија не беше спомената и беше остранета. Треба да се разгледа каква е внатрешнста состојба во државата и очекувам да продолжи да плива во мирни води затоа што влезот во НАТО кој што е извесен и е само прашање на ден кога ќе се случи верувам дека ќе се одрази позитивно и врз меѓуетничките односи и во таков случај може да разговараме за соодветно споменик на ова место, рече Ангелов.

Претставникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека овие луѓе се бореа за унитарна Македонија и треба да се продолжи нивниот аманет.

-Да изразиме почит кон хероите, кон оние кои ги положија своите животи тука за да ја одбранат Македонија кои ја одбранија територијалната целовитост и самостојност. Им ја должиме оваа слобода. Најмалце е што може да се поклонуваме и да го чуваме вечно нивниот спомен. Тие се непребол за нивните семејства,рече Николовски.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на  Армијата  во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.

Тагови: карпалакодбележувањепанихида

Поврзани објави

Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Вести

Потпишан договор-Клиничка болница Тетово ќе се реконструира со донација на компанијата Еколог

09/12/2023
Вести

Втора акција на Далибор од Тетово-донираше кревети за семејството Николовски од Секулица, Кратовско

08/12/2023
Вести

Од 8 до 14 часот изречени вкупно 204 казни за брзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

08/12/2023
Вести

ООУ „Лирија“ со активности по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски

08/12/2023
Следна објава

Со сопствен буџет три училишта во Тетово изведоа инфраструктурна обнова

Tetovo, MK
недела, декември 10, 2023
scattered clouds
2 ° c
60%
1.95mh
26%
9 c 3 c
пон
13 c 4 c
вто
11 c 6 c
сре
14 c 7 c
чет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!