• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Климатски услови и даноците најголеми проблеми за пчеларите

16/11/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пчеларите се борат со пореметените климатски услови за да создадат мед, а проблем им е и повисокиот данок кој треба да го платат за разлика од другите земјоделци, порачаа производителите од Тетово каде се собраа на доделување на награди за квалитет на мед. Зафир Зафировски производител од Прилеп вели дека поради непредвидливото време, понекогаш попусто им е целогодишната работа и може да немаат мед.

-Најголемиот проблем се климатските услови и глобалното затоплување. Се бориме, како знаеме, секоја година не е иста, многу е оскудна со паша, немаме доволно култури од кои се надеваме дека ќе собереме мед. Се трудиме со селење, но не ни помагаат временски услови, некогаш остануваме само со работа без принос на мед, рече Зафировски.

Според него, субвенциите за пчеларите се добри за поддршка, но главниот проблем е повисокиот данок кој го плаќаат за набавка на опрема.

-Би ги пофалил мерките за субвенции и нивно зголемување како и програмата за рурален развој. Сепак добро би било кај данокот на додадена вредност за набавка на опрема да се намали износот од 18 проценти на 5 проценти како што е на пример кај оние кои купуваат трактори. Нема да го оштетиме буџетот бидејќи немаме значителни потреби, не  е скапа опремата, како кај оние пример кои земаат трактор. Ние со 5-10 илјади евра ќе имаме инвестиција за нареднте 5 до 10 години, вели Зафировски.

-Има простор за уште поголемо производство на мед, треба да се здружиме, да ги користиме мерките од Министерството, да има количини, да го пораснеме бројот на пчелите и така ќе може да конкурираме. Македонија има добри услови за пчеларство, да се зголеми број на пчели и со добар кавалитет мед да излезе на надворшените пазари, вели Дритон Дикена од здружение на пчелари „Градот на пчелите“.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски потенцира дека здружувањето на пчеларите може да придонесе за побогато производство и поширок пласман на надворешните пазари.

-Има извоз но секогаш не е доволно ако може да биде подобро. Секако климатските промени се една негативна работа која влијае најмногу на пчелите. Затоа покрај конкуретноста треба и едукација на самите пчелари бидејќи борбата на презимување на пчелните семејства е една од клучните, а се појавуват и нови болести. Нивната заштита и организиран третман и настап преку здруженија за малите пчелари кое верувам дека ќе прерасне во задругарство еден ден на следно ниво ќе овозможи да токму домашниот мед биде подобар познат за надворешн пазари, рече Димковски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над 6 илјади пчелари.

 

 

Тагови: даноциклиматски условипроблемипчелари

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Општинската организација на ДОМ од Тетово со три предлог идеи за подобра еко-состојба

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.