• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Коронавирусот ги стопираше склучувањата на браковите

13/04/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако подрачните одделенија на Управа за водење на матични книги работат непречено, коронавирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение. Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат процедурата да ја направат во иднина.

Во тетовското подрачно одделение велат дека вработените одат на работа и од тој аспект нема пречки за потпишувањето во матичната книга на венчаните. Единствена рестрикција има за присуство на луѓе при одвивање на церемонијата. Дозволено е да има само пет лица внатре за да има доволно оддалеченост и да бидат присутни само двајцата кои склопуваат брак, двајца сведоци и матичарот.

-Одделението работи без проблем. Согласно препораките и мерките на Владата, намален е капацитетот на вработените. Од друга страна намален е интерес сега да се склучуваат браковите. Надвор од нашите службени простории воопшто нема склучување бракови бидејќи нели не работат угостителските објекти, а нема венчавки ни во верските објекти, во црквите како што било практика досега. Има и откажувања на пријавите. Лично сметам дека бракот сега дојде време да се смета како луксуз поради атмосферата така што сите сега ја одложуваат оваа работа, вели Нагип Назмиу, раководител на тетовското одделение на Управата за водење на матични книги.

Отец Марјанчо Мадевски од тетовската епархија објаснува дека кај православните верници додека трае Велигденскиот пост (од 2 март до 19 април ) согласно правилата на Македонската православна црква не се прават венчавки. Сепак има барања од младоженците за одложувања и во периодот кој што следи.
-Венчавки закажани пример за во мај се одложуваат. Младите се одлучуваат на тоа поради состојбата со коронавирусот, а воедно бидејќи не се знае дали ќе работат рестораните во тој период. Имаме примери кои презакажуваат од мај за неколку месеци понатаму, во август и септември, објаснува отец Марјанчо Мадевски.

И угостителските објекти кои не смеаат да работат сега, се договораат со заинтересираните, свадбени прослави да се прават во понатамошните периоди на годината.

-Нема откажувања, туку презакажувања со тоа што се договораме и презакажаниот термин повторно да се разгледа со оглед на тоа како ќе се одвива ситуацијата и мерките околу коронавирусот, објаснува Жарко Неделковски, сопственик на угостителски објект за свадби.

Статистичките показатели во Управата, секоја година укажуваат на опаѓање на бројката на склучени бракови и сега ја потврдуваат состојбата со негативниот тренд.

Во февруари на целокупното тетовско подрачје заедно со руралните одделенија во февруари 2019 склучени се 142 брака, додека во февруари 2020 има 108 бракови. Во март 2019 имало 131 брак додека во март 2020 само 82 бракови.

Во текот на 2019 во Тетовско вкупно имало склучено 1224 бракови. На годишно ниво за целата држава има 11059 склучени бракови. Управата за водење на матични книги има 178 месни канцеларии низ целата држава каде може да се стави потпис за склучен брак.

За склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани потребни документи се:лична карта или пасош (за идентификација), извод од матична книга на родени од идните брачни другари, барање за издавање на извод од матична книга на венчани, административна такса од 100 денари и уплата од 50 денари на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Пендаровски од Тетово : Извесно е дека ќе се прогласат нови 30 дена вонредна состојба

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.